Мајкл Анагнос
Мајкл Анагнос (грчки: Μιχαήλ Αναγνωστόπουλος/Ανάγνος; 7 ноември 1837 година – 29 јуни 1906 година) бил управник, а подоцна и втор директор на училиштето за слепи Перкинс. Тој бил автор, едукатор и активист за човекови права. Анагнос е добро познат по неговата работа со Хелен Келер.[1]
Мајкл Анагнос | |
---|---|
Роден(а) | ноември 7, 1837 Папинго, Отоманската империја |
Починал(а) | Романија |
Почивалиште | Епир, Грција |
Занимање | Воспитувач |
Историја
уредиМајкл Анагнос бил роден Мајкл Анагностопулос на 7 ноември 1837 во Папинго, мало село во планинската област Епир, кое тогаш било дел од Отоманската империја. Неговиот татко бил Деметриос А. Теодор, а мајка му Калина Панајотес. Татко му бил земјоделец и овчар и многу го ценел образованието на својот син. Регионот не бил нарушуван од османлиската власт и тие му плаќале посебен данок на султанот. Османлиските војници никогаш не доаѓале во селото. Анагос го посетувал средното училиште во Јанина и присуствувал на Националниот и Каподистриски универзитет во Атина на 19-годишна возраст. Во четирите години кои следувале, тој студирал грчки, латински, француски и филозофија. Потоа студирал право три години, затоа што сакал да стане политиколог и новинар. На 24-годишна возраст, се приклучил на Етнофилакс, дневниот атински весник. Подоцна станал главен и одговорен уредник.[2][3]
Анагнос одиграл активна улога во спротивставувањето на кралот Отон I и неговата влада и бил активен во неговото симнување од престолот. Тој го вовел и масонството во Грција за да агитира за детронизација со помош на Џузепе Гарибалди и еден од неговите синови.[2] Ѓорѓи I го наследил кралот Отон, а Анагнос го напуштил весникот поради несогласување во врска со бунтот на Крит во 1866. Грција активно војувала со Отоманската империја од 1821, а американскиот доктор Семјуел Гридли Хау отпатувал во Грција во текот на 1860-тите за да понуди помош. Докторот Семјуел Гридли Хау го запознал Анагнос и го вработил како негов секретар. Анагнос организирал помош за воените напори и бил задолжен за работите на Критскиот комитет во Атина. Доктор Хау морал да отпатува назад во Соединетите Држави и го поканил Анагнос во Бостон да ја продолжи својата работа со Критскиот комитет во Нова Англија околу 1868.[2]
Анагнос пристигнал во САД на 31-годишна возраст. Бил приватен учител на семејството Хау; Хау ја основал и Перкинс школата за слепи. Таму, Анагнос почнал да предава латински и грчки на слепите деца. По неколку години престој во Соединетите Држави и со помош на Хау, Анагнос почнал да предава грчки јазик на различни колеџи. Тој се оженил со ќерката на Хау, Џулија Романа Хоу, во декември 1870 година. Бостон станал постојан дом на Анагнос.[2]
Анагнос бил помошник на Хау. Кога Хау бил отсутен Анагнос бил директор на Перкинс школата за слепи; и се запознал со системот на настава на слепите и глувите. Го проучувал и успехот на Лора Бриџман, поранешна студентка на училиштето за слепи Перкинс. Ова придонело за неговата работа со Хелен Келер, Томас Стрингер, Вили Елизабет Робин и други слепи и глуви студенти. Хау починал во јануари 1876; по неговата смрт, Анагнос станал вториот директор на Перкинс школата за слепи.[2]
Анагнос го објавил Образованието на слепите во 1882 година. Отприлика тогаш, смислил план за изградба на детска градинка која би ги учела слепите и глувите деца. Неговата сопруга била многу образована. Во тоа време, таа објавила неколку книги и му помагала и ја инспирирала работата на нејзиниот сопруг со глувите и слепите лица, како што помагала и да се соберат пари за градинката. Сепак, таа ненадејно починала на 41-годишна возраст во 1886 година. Тие немале деца. Во следните неколку години, била подигната зграда за градинка во Јамајка Плејн, Бостон, и била организирана голема донација. Анагнос ја загубил компензацијата и неуморно се трудел да го заврши проектот. Еден од првите студенти бил Томас Стрингер. Отприлика во тоа време Анагнос ја испратил поранешната студентка на Перкинс, Ен Саливан да ја подучува Хелен Келер.[4][2]
Анагнос патувал во Грција и во другите делови на Европа, 15 месеци, околу 1889 година. Додека бил во Грција се сретнал со Олга, грчката кралица. Кралицата дознала за приказната на Хелен Келер и побарала да го прочита секое писмо што го напишал Анагнос. Нејзиниот интерес бил толку интензивен што задржала неколку писма, а деветгодишното слепо девојче било високо ценето во дворот на кралицата. Многу американски весници ја пренеле приказната за популарноста на Хелен Келер во кралскиот двор, што го катапултирало нејзиното наследство. На 10-годишна возраст Хелен Келер ја напишала „Кралот на мраз“ и ја испратила како роденденски подарок на Анагнос. Тој ја објавил приказната во Ментор, алумни магазинот Перкинс. Приказната потоа била и објавена во Гудон Газет, списание за образование на глуви слепи со седиште во Вирџинија. Хелен Келер подоцна станала првата глувослепа жена која добила диплома. Нејзината приказна станала една од најпопуларните во американската историја.[5][6][7]
Анагнос поминувал многу време со познатиот професор на Харвард, Евангелинос Апостолидес Софокле. Во 1892 година, Анагнос добил почесна диплома AM од Универзитетот Харвард. Околу 1900, отпатувал во Париз за да присуствува на Меѓународниот конгрес на наставници и пријатели на слепи. Бил испратен да ги претставува и Соединетите Држави и школата Перкинс. Дал големи финансиски придонеси за грчкото образование и основал училишта во Папинго, Грција. Бил претседател и основач на Националниот сојуз на Грците во САД. Тој исто така го основал Друштвото Платон, Панхеленскиот сојуз и Организацијата Александар Велики. Бил потпретседател на Здружението за медицинска гимнастика во Масачусетс. Анагнос бил клучен во основањето локални православни цркви во областа Бостон и помагањето на локалните грчки имигранти.[8][9]
Во 1906 година, на 69-годишна возраст, отпатувал за Атина и ги набљудува Олимписките игри. Умрел на 29 јуни 1906 година додека патувал во Романија. Неговото тело било однесено во Епир и таму било погребано. Во Бостон, 2000 луѓе се собрале на неговата комеморација во храмот Тремонт. Значајни гости биле гувернерот Кертис Гилд Јуниор, градоначалникот Џон Ф. Фицџералд, Џулија Вард Хау, епископскиот бискуп од Масачусетс Вилијам Лоренс и Флоренс Хау Хол.[10][2]
Литературни дела
уреди- Образование на слепите Историска скица за неговото потекло, подем и напредок 1882 година
- Детска градинка и основно училиште за слепи Втор апел за нејзиното основање и донација 1884 година
- Образованието на слепите во Соединетите Американски Држави Нејзини принципи, развој и резултати; Две адреси 1904 година
Наводи
уреди- ↑ " American Association of Instructors of the Blind Staff Writers" Minutes The Fifteenth Biennial Convention of The American Association of Instructors of the Blind An Appreciation of Michael Anagnos Robert Smith Printing Company State Printers and Binders 1899: p. 52
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Sanborn 1907.
- ↑ "Daniel Wait Howe" Howe Genealogies edited by Gilman Bigelow Howe Record Publishing Company Haverhill Massachusetts 1929: p. 102
- ↑ "Staff Writers" Who is Who in American History Historical Volume 1607-1896 Marquis Publications Chicago 1963: p. 23
- ↑ „Helen Keller“. The Helena Independent. Vol. 3, no. 122, April 08, 1893, Morning, Page 3. Library of Congress. April 8, 1893. Посетено на November 30, 2020.
- ↑ The Frost King" In Wikipedia: The Free Encyclopedia. Wikimedia Foundation Inc. Encyclopedia on-line Internet: Retrieved 30 November 2020.
- ↑ Staff Writers (October 10, 1890). „Michael Anagnos“. Watertown Republican Vol 30 No.52 Page 7. Library of Congress. Посетено на November 30, 2020.
- ↑ "Harvard Staff Writers" The Harvard Graduates Magazine Volume 15 1906-1907 The Harvard Graduates Magazine Association Boston Mass. 1907: p. 188
- ↑ Greeks in America, 1913, p. 217
- ↑ Greeks in America, 1913, p. 218
Библиографија
уреди- Burgess, Thomas (1913). Greeks in America: An Account of Their Coming Progress Customs, Living and Aspirations. Sherman, French & Company 1913.
- Sanborn, Franklin Benjamin (1907). Michael Anagnos, 1837-1906. Boston, MA: Wright and Potter Printing Company.