Мајкл Џејмисон
Мајкл Џејмисон (роден на 5 август 1988 г. во Глазгов, Шкотска) e британски пливач,[1] кој освоил сребрен медал во дисциплината 200 метри градно на Летните олимписки игри 2012.
Мајкл Џејмисон | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лични информации | |||||||||||||||||||||
Целосно име | Мајкл Џејмисон | ||||||||||||||||||||
Националност | Обединето Кралство | ||||||||||||||||||||
Роден на | 5 август 1988 | ||||||||||||||||||||
Роден во | Глазгов, Шкотска | ||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,86||||||||||||||||||||
Тежина | 81 килограм | ||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||
Дисциплини | Градно | ||||||||||||||||||||
|
Летните олимписки игри 2012
уредиНатпреварувајќи се за Велика Британија на Летните олимписки игри 2012, тој освоил сребрен медал на 200 метри градно. Тој го соборил британскиот национален рекорд во дисциплината трипати во натпреварувањето, еднаш во преелиминациите, еднаш во полуфиналето и еднаш во финалето (2:07.43),[2][3] и се доближил до светскиот рекорд на Кристијан Шпренгер на само дванаесет стотинки (2:07.31). Само светскиот рекорд на двократниот светски шампион на 200м градно, Даниел Ѓурта го одделиле Џејмисон од златниот медал.
Тој претходно се натпреварувал и во дисциплината 100 метри градно, но не успеал да се пласира во финалето, откако завршил на третото место во својата полуфинална група.
Личен живот
уредиНеговиот татко, исто така Мајкл, бил професионален фудбалер.[4][5] Џејмисон исто така играл фудбал, но решил да се фокусира на пливање кога имал 13 години.[4] Тој е навивач на фудбалскиот клуб Селтик.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Michael Jamieson“. British Swimming. Посетено на 31 July 2012.
- ↑ „Olympics swimming: Michael Jamieson & Andrew Willis in final“. BBC Sport. BBC. 31 July 2012. Посетено на 1 August 2012.
- ↑ Fordyce, Tom (1 August 2012). „Jamieson wins silver for Britain in 200m breaststroke“. BBC Sport. BBC. Посетено на 1 August 2012.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Law, Gareth (25 July 2012). „I dreamed of Hoops.. NOT Olympic rings“. The Scottish Sun. News International. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 31 July 2012.
- ↑ „MIKE JAMIESON“. neilbrown.newcastlefans.com. Архивирано од изворникот на 2011-04-26. Посетено на 31 July 2012.