Мајка (руски: Мать) – советски филм од 1926 година, во режија на Всеволд Пудовкин, а според сценариото на Натан Зархи и Максим Горки, засновано врз истоимениот роман на Горки. Главните улоги ги играат: Вера Барановска, Николај Баталов, Александар Чистјаков и Иван Ковал-Самборски.

Содржина

уреди

Мајката на Павел Власов се наоѓа среде виорот на Октомвриската револуција, а нејзиниот сопруг и синот се наоѓаат на спротивните страни за време на работничкиот штрајк. Штрајкот пропаѓа при што нејзиниот сопруг погинува, а таа избира да ги предаде идеалите на Павел, со намера да го спаси неговиот живот. Но, и покрај тоа, Павел е затворен и осуден на тешка робија. Додека тој е во затворот, неговата мајка им се придружува на револуционерите и заедно со стотици мажи маршира кон затворот, со цел да ги ослободи затворениците, кои знаат за тој план. Тогаш доаѓа до судир меѓу поворката и царската војска...[1]

Наводи

уреди
  1. Кинотека на Македонија, Програма - ноември 2015