Унгарско сиво говедо

(Пренасочено од Маѓарско сиво говедо)

Унгарско сиво говедо (унгарски: Magyar szürke szarvasmarha, Magyar alföldi) е стара раса на унгарско говедо која служела за исхрана. Денес со закон е заштитена и спаѓа во едни од оригиналните унгарски раси.

Унгарско сиво говедо во пустелијата Хортобаѓ, првиот и најголем национален парк во Унгарија
Унгарско сиво говедо во Берлинската зоолошка градина (во средина е крава, а десно е бик)

Овој вид припаѓа на подолска група на говеда (сиво-степско говедо) и многу е добро адаптирана на барањата на екстезивниот сточарски систем.[1] Видот се оформил во Панонската Низина.[2]

Особености

уреди

Унгарското сиво говедо е касностасно, но витко и доста високо. Бикот достигнува висина од 145-155 см и тежина од 800 - 900 кг, додека кравата достига височин од 135-140 см и тежина од 500-600 кг.

Крзното е нерамно, а бојата се прелева од сребренобела до пепеласто сива. Телињата се раѓаат со црвенкасто-жолто крзно. Унгарското сиво говедо е многу издржливо, лесно се размножува и долговечно е. Роговите се исправени нагоре, долги се и благо завиткани.

Историја

уреди

Според извори, сивото говедо стигнало на денешните простори заедно со Унгарците во 9 век од исток. Први слики на сивото говедо можат да се видат во Унгарската илустрирана хроника која е напишана во 14 век.

Во средниот век оваа говедо е одгледувано за исхрана и се извезувало надвор од границата на Унгарија по целата западна Европа.[3] Говедото било на цена поради извонредно квалитетно месо така што одгледувањето било исплатливо.[3]

Денес Унгарското сиво говедо сè повеќе се одгледува како туристичка атракција по националните паркови, потоа по зоолошките градини во Европа како раритет, но може и понатаму да се најде во некои краеви во слободно држење, како на пример во Боцфелде во жупанији Зала и во западните делови на Унгарија. Овие стада служат како банки на гени и за расплодуввање, особено поради податоците дека се исклучиво отпорни на многу болести кои ги погаѓаат денешните типови на високомлечни и високомесни говеда.[4]

Извори

уреди

Наводи

уреди
  1. Bellon Tibor: A magyar szürkemarha (унгарски)
  2. Magyar néprajzi lexikon Унгарски лексикон на етнографија (унгарски)
  3. 3,0 3,1 Hankó Béla: A magyar háziállatok története ősidőktől máig (унгарски)
  4. Történelmi állatfajtáink enciklopédiája (унгарски)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди