Матијас Руст — германски воздухопловец познат по своето илегално слетување близу Црвениот плоштад во Москва на 28 мај 1987 година.

Матијас Руст
Роден(а)1 јуни 1968(1968-06-01)(56 г.)
Ведел, Шлезвиг-Холштајн, Западна Германија
НационалностГерманец

Руст, пилот-аматер прелетал од Финска во Москва, и неколкупати го следела советската противвоздушна одбрана. Меѓутоа, советските ловци не го добиле бараното одобрување да го соборат, и неколкупати бил помешан со пријателско летало.

Руст кажал дека сака да создаде „имагинарен мост“ и да ги намали тензиите помеѓу двете спротивставени страни во Студената војна.