Матеркин синец
Матеркин синец, Турција
Матеркин синец, Македонија
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Lycaenidae
Род: Pseudophilotes
Вид: P. vicrama
Научен назив
Pseudophilotes vicrama
(Moore 1865)
Синоними
  • Polyommatus vicrama Moore, 1865
  • Turana baton anteschiffermulleri Verity, 1936
  • Lycaena baton var. clara Christoph, 1887

Матеркиниот синец (Pseudophilotes vicrama) — пеперуга од семејството на пеперуги синци. Пеперугата ја има и во Македонија.

Распространетост

уреди

Пеперугата ја има во Азија,[1][2] па преку Балканот до источна Европа и Финска.

Опис

уреди

Распонот на крилјата на пеперугата е од 20 до 26 мм. Мажјакот има бледосина боја на горната страна на крилјата со широка бордура. Женките се кафени. Овие пеперуги имаат полов диморфизам. Ресести се краевите односно рабовите на крилјата. Долниот дел на пеперугата има сивкасто-бледа боја со исто синкасти ресести краеви. На крилјата има црни дамки, а дамките покрај рабовите имаат и портокалови нијанси.[3]

Подвидови

уреди
  • P. v. vicrama
  • P. v. cashmirensis (Moore, 1874)
  • P. v. astabene (Hemming, 1932)
  • P. v. clara (Christoph, 1887)
  • P. v. pallida (Shchetkin, 1960)
  • P. v. schiffermulleri (Hemming, 1929)

Наводи

уреди
  1. Evans, W.H. (1932). The Identification of Indian Butterflies (2. изд.). Mumbai, India: Bombay Natural History Society. стр. 225, ser no H22.2.
  2. Page on Markku Savela's site for genus Pseudophilotes (Lycaenidae).
  3. Seitz, A. Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren) Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.

Литература

уреди

Поврзано

уреди