Маскарадер (филм од 1914)

Маскарадер (англиски: The Masquerader) - американски филм од 1914 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, покрај Роско Арбакл (Roscoe Arbuckle), Чарлс Мареј (Charles Murray) и Честер Конклин (Chester Conklin).[1]

Содржина

уреди

Во оваа кратка комедија, Чарли Чаплин е глумец во едно филмско студио. Најпрвин, тој влегува во гардеробата, каде се обидува да го украде пијалакот од еден друг глумец (го игра Арбакл), но притоа е насамарен. Потоа, тој треба да сними филмска сцена во која треба да му го одземе ножот на човекот кој сака да го убие бебето. Меѓутоа, додека трае снимањето, тој се забавува со убавите глумици и не одговара на повиците на режисерот (го игра Мареј), а потоа му пречи на другиот глумец кој треба да го замени во сцената. Поради тоа, тој е отпуштен од студиото, но подоцна се враќа маскиран како убава глумица на чиј шарм веднаш паѓа режисерот. „Глумицата“ останува сама во гардеробата за да се преслече, а режисерот и другите глумци нестрпливо чекаат пред вратата. Но, кога режисерот влегува внатре, се запрепастува кога го здогледува отпуштениот глумец. Тогаш, глумецот ги задева сите членови на филмската екипа, но бегајќи од нив, тој паѓа во еден бунар.[2]

Надворешни врски

уреди

The Masquerader (1914) - Charlie Chaplin (HD) - YouTube

Наводи

уреди