Марко пие вино на Рамазан

Марко пие вино на Рамазан (српски: Марко пије уз Рамазан вино) - српска епска (јуначка) песна.

Содржина уреди

Царот Сулејман издава проглас во кој се забранува на Рамазан да се пие вино, да не се носи зелена облека, да не се носи сабја и да не се игра оро. Крале Марко не ја почитува наредбата и уште ги принудува оџите и аџиите да пијат вино. Поради тоа, Турците поднесуваат жалба до царот и тој го повикува Марко кај себе. Марко оди кај царот, но раката ја држи на сабјата и го повлекува боздоганот. Притоа, тој ги оправдува своите постапки, велејќи дека, во случај на кавга најпрпин, ќе настрада оној кој е во неговата непосредна близина. Слушајќи ги тие зборови, царот погледнува наоколу и сфаќа дека тој е најблизу до Марко и, уплашен, му дава стотина дукати и го ослободува.[1]

Наводи уреди

  1. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 202-204.