Марко и дете Дукадинче

Марко и дете Дукадинче — македонска епска песна за Крале Марко.

Содржина уреди

Додека вечера со мајка му, Крале Марко ја прашува ѕвездата Вечерница, дали некаде има поголем јунак од него, а ѕвездата му одговара дека седумгодишното дете Дукадинче е седумпати поголем јунак. Утредента, Марко го јавнува коњот и заминува во земјата Дукадинска, каде среќава три овчари, кои му кажуваат каде е куќата на детето. Марко притигнува таму и го повикува детето на двобој, но тоа го кани прво да јадат и пијат, а потоа да се борат. Двајцата јадат три дена и три ноќи, а четвртиот ден одат во полето. Најпрвин, тие се натпреваруваат во фрлање камен, при што, Марко го фрла каменот на далечина од три часа одење. Потоа, детето Дукадинче го фрла каменот толку далеку, што не успеваат да го најдат, иако го бараат три дена и три ноќи. Тогаш, налутениот Марко го повикува детето на двобој, а додека тоа го разигрува својот коњ, Марко ненадејно го пресекува со сабјата на две половини. Потоа, Крале Марко му ја сече главата и ја носи кај седумте кралеви за да се пофали со својата јунаштина, но тие го проколнуваат за направеното злодело.[1]

Наводи уреди

  1. Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 72-75.