Марко Чаласан
Марко Чаласан (24 јули 2000 во Скопје) — македонски компјутерски инженер. Тој е познат по тоа што е најмладиот сертифициран компјутерски систем администратор на возраст од осум години и најмладиот сертифициран компјутерски системски инженер на возраст од девет години.[1][2]
Животопис
уредиМарко Чаласан за првпат се појавил на насловните страници во САД во мај 2010 кога CNN објави приказна за него. Марко има 12 Microsoft сертификати и еден Cisco сертификат.[3] Тој го добил својот прв сертификат на возраст од 6 години. Тој е најмладиот човек што некогаш го добил сертификатот MCSA, Microsoft Certified Systems Administrator кој го добил на возраст од осум години.[2] Соборувајќи ги рекордите поставени од М Лавинашри, кој го добил својот MCSA сертификат на девет години; И Михеј Беркли, кој го добил на 13 години.
Марко потоа продолжил да студира за MCSE испит, кој исто така бил и најмладиот човек кој го добил сертификатот Microsoft Certified Systems Engineer. Тој предава компјутерски основи за децата од осум до единаесет во неговото поранешно основно училиште. Покрај тоа што се занимава со компјутери, Марко течно говори на три јазици и го учи четвртиот.[1] Македонската влада се обиде да му помогне на Марко во понатамошниот развој на неговиот потенцијал. Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија му дал информатичка лабораторија за да му помогне да го продолжи своето учење.
Тој напишал книга за процесот на пред-инсталација, инсталација и пост-инсталација на Windows 7. Книгата се состои од 305 страници. Министерството за образование и наука на Македонија ги купи правата за книгата и бесплатно ќе ги даде на училиштата. Тој има црногорско потекло.[4]
Рано детство
уредиМарко покажал одлични способности уште од многу рано и научил да чита и пишува од две години.[2] На возраст од седум години, професорот Елена Ачковска-Лешковска од Институтот за психологија го тестирала Марко. Нејзините тестирања покажале дека неговиот мозок работел повеќе од другите деца на неговата возраст. Таа исто така открила дека има многу високи емотивни и социјални способности, што вообичаено не се среќава во надарените деца како што е Марко.[1]
Семејство
уредиНеговата мајка Радица Чаласан и неговиот татко Милан Чаласан управуваат со компјутерско училиште за деца. Тие, исто така, планираат да напишат книга за тоа како да се учат малите деца за компјутерите. Сето ова ќе се заснова на Марковиот напредок во полето на компјутерите како дете.[5]
Microsoft и Cisco сертификати
уреди- MCP – Microsoft Certified Professional
- MCDST- Microsoft Certified Desktop Support Technician
- MCSA – Microsoft Certified Systems Administrator
- MCSE – Microsoft Certified Systems Engineer Server 2003
- MCTS - Windows 7, Configuring - Microsoft Certified Technology Specialist Server 2008 AD
- MCS Associate Windows Server 2008
- MCITP - Server Administrator on Windows Server 2008
- MCITP - Enterprise Administrator on Windows Server 2008
- MCTS - Technology Specialist Windows Server 2008 AD
- MCTS - Technology Specialist Windows Server 2008 Application Infrastructure Configuration
- MCTS - Technology Specialist Windows Server 2008 Network Infrastructure Configuration
- MCTS - Technology Specialist Windows7 Configuration
- CCENT - Cisco Certified Entry Network Technician
- ССП - Microsoft Bakery High School
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Coren, Anna (May 17, 2010). „The 9-year-old Microsoft genius“. Архивирано од изворникот на 2012-10-11. Посетено на 19 September 2011.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Pancevski, Bojan (January 16, 2009). „Marko Casalan, 8, is officially world's youngest IT whizz“. Посетено на 20 September 2011.[мртва врска]
- ↑ Dubie, Denise. „NetworkWorld“. 9-year-old plots his fifth Microsoft certification. Архивирано од изворникот на 2013-12-04. Посетено на 21 September 2011.
- ↑ (in Montenegrin) Devetogodišnji Marko Ćalasan najmlađi je inženjer kompanije "Microsoft". Iako osnovac, položio je sve testove kojima ta kompanija testira stručnjake širom svijeta. Tako je dječak porijeklom iz Crne Gore koji živi u Makedoniji sada dobio dozvolu da održava najkomplikovanije kompjuterske sisteme pa čak i one državne. U ministarstvu za informaciono društvo, ali i na ekonomskom fakultetu u Podgorici „PC MOCART", kako su ga prozvali mediji, demonstrirao je svoje vještine. / [1]
- ↑ Casule, Kole (Feb 4, 2010). „Computer whiz kid becomes Balkan celebrity at age 9“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 20 September 2011.