Мари Мора
Мари Мора (родена на 15 јуни 2000 г.)[1] — кениска атлетичарка која е специјализирана за трките на 800 метри. Таа освоила златен медал на Светското првенство 2023, бронзен медал на Светското првенство 2022 и златен медал на Игрите на Комонвелтот 2022.
Мора на трка во Брисел во 2021 г. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Кенија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 15 јуни 2000 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Кенија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | 400 метри, 800 метри | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тренер | Алекс Санг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Успеси и титули | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични рекорди |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Мора е сопственик на кенискиот рекорд на 400 метри. Таа била победничка во Дијамантската лига 2022 во трките на 800 метри.
Кариера
уредиДо 2021 година, Мари Мора била специјализирана за трките на 400 метри. Својот прв меѓународен настап таа го имала на Светското кадетско првенство 2017 во Наироби каде освоила сребрен медал на трката на 400 метри.[1] Следната година, таа завршила на петтото место на 400 метри на Светско првенство до 20 години одржано во Тампере, Финска, истрчувајќи сопствен најдобар резултат од 52.85 секунди во квалификациите.[1]
Во 2019 година, на трките на 400 метри, таа станала африкански младински првак, кениски сениорски првак и завршила на четвртото место на Африканските игри во Рабат, Мароко.[1] Таа успеала да се пласира во полуфиналето на Светското првенство 2019 во Доха.[1] Нејзиното најдобро истрчано време во сезоната изнесувало 51.75 секунди.[1] Истата година таа започнала да се натпреварува на 800 метри.[2]
Мора се префрлила на трките на 800 метри во 2020 година, и ја претставувала Кенија во новата дисциплина на Летните олимписки игри 2020 во Токио одржани во 2021 година, каде што била елиминирана во полуфиналето со истрчано време од 2:00.47.[1][3]
Во јули 2022 година, Мора го освоила бронзениот медал на 800 метри на Светското првенство 2022 во Јуџин, истрчувајќи сопствен најдобар резултат од 1:56.71 веднаш зад Атинг Му (1:56.30) и Кили Хоџкинсон (1:56.38).[4] Еден месец подоцна, таа освоила златен медал на Игрите на Комонвелтот во Бирмингем победувајќи ја Хоџкинсон во финалето.[5] Во септември, Мора ја освоила титулата на 800 метри во Дијамантската лига.
На Светското првенство 2023 во Будимпешта, таа го освоила златниот медал на трката на 800 метри со сопствено најбрзо време од 1:56.03.
Остварувања
уредиЛични рекорди
уреди- 400 метри – 50.44 (Габороне, 2023 г.) Државен рекорд
- 800 метри – 1:56.03 (Будимпешта, 2023 г.)
- 800 метри во сала – 2:00.61 (Лијевен, 2023 г.)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Mary MORAA – Athlete profile“. World Athletics. Посетено на 2021-01-01.
- ↑ Mballa, Tony (5 мај 2023). „Moraa promises more surprises this year as track season gets underway“. The Star. Посетено на 5 мај 2023.
- ↑ Olobulu, Timothy (2021-06-19). „Conseslus, Timothy Cheruiyot out as Kenya names team for Tokyo Olympics“. Capital Sports. Посетено на 2021-06-20.
- ↑ Azzi, Alex (2022-07-24). „Athing Mu becomes first American woman to win 800m, keeps win streak alive“. NBC Sports. Посетено на 2022-07-24.
- ↑ „Hodgkinson heartbreak as Moraa beats her to Commonwealth Games gold“. The Guardian. Посетено на 7 август 2022.
Надворешни врски
уреди- Мари Мора на IAAF.org