Марија Никифорова
Марија Никифорова (украински: Марія (Маруся) Григорівна Нікіфорова; руски: Мария Григорьевна Никифорова; 1885-1919), беше анархистички партизански водач. Таа исто така беше нашироко позната по својот прекар, Марусја. Таа станала позната фигура во анархистичкото движење од 1918-1919 во Украина за време на руската граѓанска војна.
Марија Никифорова | |
---|---|
1885 - 1919 | |
Марија Никифорова ц. 1918 | |
Прекар: | Марусја |
Роден во: | Запорожје, Руска Империја |
Починал во: | Севастопол |
Служба во: | Француска армија, Црна Гарда, Украинска Револуционерна Бунтовничка Армија |
Род: | Запорожјески револуционерен комитет, Дружина |
Период на служба: | 1914 - 1919 |
Чин: | Командант (Атаманша) |
Командува/л со: | Одредот на Црна Гарда, Дружина |
Битки/војни: | |
Други занимања: | Заменик-претседател на Запорожјескиот револуционерен комитет |
Анархо-комунистичката политика на Никифорова беше формирана во средината на нејзините тинејџерски години, и таа брзо усвоила милитантни тактики со цел да ја унапреди. Во текот на нејзините активистички години, Никифорова даде бројни говори промовирајќи ги нејзините политички мислења. Сепак, транскрипции и цитати од нејзини говори едвај ја преживеале советската ера, и таа не ги запишувала своите ставови во писма, есеи, или статии. Она што е познато за нејзините говори е дека таа нашироко била позната за нејзиното харизматично ораторство, кое таа го користела да промовира анархистички ставови.[1] Нашироко позната како анархистичка, се велеше дека постојано носела сосема црна облека како симбол на својата слободарска филозофија.[2]
Никифорова во голема мера била игнорирана од страна на историчарите после нејзината смрт. Историчарите од советската ера во голема мера ја избришале од историјата, и покрај важната улога која ја играше во Руската револуција од 1917 година и последователната граѓанска војна. Биографскиот речник за руската револуција вклучува стотици записи, но не ја вклучува неа. Од неколкуте болшевички жени кои се вклучени, ниту една давала воени команди како Никифорова.[3]
Постои малку објаснување за занемарувањето од страна на анархистичките историчари. Иако биле објавени неколку биографии на Нестор Макно - анархист врз кој Никифорова имала големо влијание, малку се спомнува Никифорова. Ова е и покрај нивната тесна соработка, како и нејзината поголема современа слава, според биографот Малком Арчибалд: "...во 1918 Никифорова веќе беше позната како анархистичка Атаманша (женски воен водач) во цела Украина, додека Макно уште беше прилично непозната фигура работејќи во едно провинциско село."[4]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Мисли поврзани со Maria Nikiforova на Викицитат
- Maria Nikiforova at Libcom.org
- Malcolm Archibald (2007). Atamansha: the Story of Maria Nikiforova, the Anarchist Joan of Arc. Dublin: Black Cat Press. стр. 10. ISBN 9780973782707. OCLC 239359065.