Маримба
Маримба е музички инструмент, кој припаѓа на ударните инструменти со одредена висина на тонот. Донесен е од Африка во Јужна Америка. Припаѓа на видот идиофони, но конструкција е сличен на ксилофон, со таа разлика што маримба има подолги и пошироки дрвени плочки кои даваат подлабоко тон, па може да се нарече „ксилофон-бас“. Плочките се направени од дрвото роза, со ширина 4,5-6,4 см. Под секоја плочка се наоѓа резонантна метална цевка наштимана на основните тонови, како на клавир.
Историја
уредиКсилофоните имаат широка примена во музиката во западна и централна Африка. Името доаѓа од Банту јазикот. Зборот маримба е формиран од ма што значи многу и римба што означува ксилофон со една цевка. Дијатоничните ксилофони за првпат се среќаваат во Средна Америка во 16-ти или 17 век. Првиот историски запис за музичари од Маите кои користат маримби со резонатори од тиква е забележан во Гватемала од страна на историчарот Доминго Јуарос во 1680 година. Пошироко е распространета во текот на XVIII и XIX век, кога ансамбли на Маите и Ладино почнале да ги користат на фестивали. Во 1821 година маримбата е прогласена за национален инструмент на Гватемала, на денот на прогласувањето на независноста.[1] Резонаторите од тиква подоцна се заменети со хармонични дрвени кутии, а клавијатурата е проширена на околу пет дијатонички октави. Варијантите со плочки направени од челик, стакло или бамбус наместо дрво се појавуваат во 19 век.
Во 1892 музичарот Коразон де Јесус Борас Морено,ја проширил маримбата со хроматска скала додавајќи уште еден ред звучни цевки кои по тонот одговараат на црните клавиши на клавирот.
Делови на маримбата
уредиПлочки
уредиПлочките се прават од дрво или синтетички материјал. Најпосакуван материјал за маримба е Ружино дрво, додека најдостапна алтернатива е Падаук. Во однос на дрвените, плочките направени од синтетички материјал генерално произведуваат полош квалитет на звук, но се поевтини и поотпорни на временските услови.[2]
Резонатори
уредиРезонаторите се цилиндрични цевки закачени под плочките на маримбата, кои најчесто се направени од алуминиум, а кои се служат за разноликоста на тоновите на самиот инструмент. Под секоја плочка се наоѓа по една резонантна цевка. Цевките се со различни должини, конструирани и поставени така што го следат распоредот на тоновите на клавирот. Должината на резонаторот варира во зависност од честотата која ја произведува плочката. Вибрациите од плочката одекнуваат додека поминуваат низ цевките, кои го засилуваат тонот на сличен начин на кој засилува телото на гитарата или виолончелото. Кај инструментите кои имаат повеќе од 4,5 октави должината на цевките потребни за бас тоновите ја преминува висината на инструментот. Поради тоа некои производители ги виткаат краевите на цевките.
Палки (чекани)
уредиЗвукот се добива со удирање на гумени палки по плочките. Рачките на палките се направени од дрво, најчесто бреза, поретко од ратан кој претставува вид на палма или фиберглас.
Опсег
уредиНе постои стандарден дијапазон на маримба, но најчесто е 4, 4.3 и 5 октави. Достапни се и големини со 4.5, 4.6 и 5.5 октави.
4 октави: C4 до C7.
4.3 октави: A2 до C7, .3 се односува на 3 ноти под инструментот со 4 октави. Ова е најчестиот опсег;
4.5 октави: F2 до C7, .5 Значи „половина“ октава;
4.6 октави: Е2 до C7, една стапка под 4.5;
5 октави: C2 до C7, една цела октава под инструментот со 4 октави.
Бас опсег (варира во дијапазон од G1-G3 или C2-C3)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Garland Encyclopedia of World Music (11 јануари 2013). The Concise Garland Encyclopedia of World Music. Routledge. стр. 241. ISBN 978-1-136-09570-2.
- ↑ „/"Marimba Bars"“. Архивирано од изворникот на 2017-03-06. Посетено на 2018-03-17.
Надворешни врски
уреди„Маримба“ на Ризницата ? |
- Маримба Архивирано на 9 октомври 2020 г.
- Ла Favre Маримба
- Потекло Архивирано на 30 јуни 2017 г.
- Одлики, потекло и употреба на маримба Архивирано на 27 ноември 2011 г.