Мариина кула

средновековна кула во Ежово, Нигритско

Мариина кула (грчки: Πύργος της Μάρως) — средновековна одбранбена кула во селото Ежово, Нигритско, Егејска Македонија.[1]

Мариина кула
Πύργος της Μάρως
Поглед на кулата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкула
ГрадЕжово, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
Координати40°51′26.63″N 23°39′8.39″E / 40.8573972° СГШ; 23.6523306° ИГД / 40.8573972; 23.6523306
Завршена1374

Историја

уреди

Кулата се наоѓа во северозападниот крај на селото. Изградена е во 1374 г.[2] и се смета за живеалиште на Марија Бранковиќ, сопруга на султанот Мурат II и господарка на Ежово, каде починала во 1487 г.[1]

Кулата е срушена во 1753 г. Во 1940-тите жителите на Ежово ја користеле за градежен материал.[1] Во 1958 г. државата ја заштитила како споменик на културата.[1][3]

По изглед Мариината кула наликува на Кучоската кула[4] и Мармарската кула од 1367 г.[2] Имала три ката и се користела за домување. Во зачуваниот дел на кулата нема влез, и очигледно тој се наоѓал на вториот кат.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Πύργος της Μάρως“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 6 ноември 2016.
  2. 2,0 2,1 „Πύργος Μαρμαρίου“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 6 ноември 2016.
  3. „ΥΑ 87804/3671/24-12-1957 - ΦΕΚ 21/Β/24-1-1958“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-20. Посетено на 17 март 2022.
  4. „Ο πύργος της Κούτζης“. Byzantine Castle. Посетено на 6 ноември 2016.

Надворешни врски

уреди