Мара Аризанова Рајшиќ (12 декември 1926 во Струмица — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Како член на младинска воспитна група учествувала во заднината на НОД од 1941 година. Во јули истата година била примена за член на СКОЈ. Била активен член во друштвото „Есперанто“ и преку него опфаќала младинци за учество во НОД. Собирала народна помош и повремено била ползувана за одржување на врска меѓу илегалците во градот. Во септември 1944 година стапила во единиците на НОВ и ПОМ и била назначена за младински раководител на чета.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 980.