Мангал Шобхаџатра

Мангал Шобхаџатра (бенгалски: মঙ্গল শোভাযাত্রা) — масовна поворка што се одржува во зори на првиот ден од бенгалската Нова година во Бангладеш.[1] Поворката ја организирале наставниците и студентите на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Дака.[2] Фестивалот се сметал за израз на секуларниот идентитет на народот на Бангладеш и како начин за промовирање на единството.[3] Било прогласено за нематеријално културно наследство од УНЕСКО во 2016 година,[4] категоризирано на репрезентативниот список како наследство на човештвото.[5][6]

Историја

уреди
 
Голема копија направена од хартија на бенгалски тигар што се носела во Мангал Шобхаџатра

Поворката на фестивалот првпат била забележана во 1989 година,[7] кога претседател на земјата бил автократскиот владетел Хусаин Мухамед Ершад. Тој станал претседател на државата преку бескрвен државен удар.[8]

Во тоа време, земјата била под воена диктатура и страдала од поплави. Во Дака се случил масовен бунт за време на кој загинале многу луѓе.[9][10] Студентите на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Дака решиле да демонстрираат против режимот со Мангал Шобхаџатра на Пахела Бајшах.[11][12][13]

Секоја година, илјадници луѓе учествувале во поворката во која имало огромни копии на птици, риби, животни, народни приказни и други мотиви. Поворката го симболизирала единството, мирот и протерувањето на злото за да се овозможи напредок на земјата и човештвото.[6][5] Се сметало за израз на секуларниот идентитет на народот Бангали, обединувајќи ја земјата без разлика на класа, возраст, вера или пол.[3]

Признание од УНЕСКО

уреди

Во 2014 година, Академијата Бангла составила досие за номинација што било одобрено од Министерството за култура на Бангладеш и поднесено до УНЕСКО.[11] На 30 ноември 2016 година, фестивалот Мангал Шобхаџатра бил избран за нематеријално културно наследство од Меѓувладиниот комитет за заштита на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО на неговиот 11-ти седница, која се одржала во Адис Абеба, Етиопија.[13][11]

Прослави во Индија

уреди

Во 2017 година, по стапките на Бангладеш, во Западен Бенгал била изведена празничната Мангал Шобхаџатра.[14][15]

Наводи

уреди
  1. Habib, Haroon. „Dramatic dawn“. The Hindu. Посетено на 30 November 2016.
  2. 'Mangal Shobhajatra' for removing evil“. bdnews24.com. Посетено на 30 November 2016.
  3. 3,0 3,1 „La bière belge inscrite au "patrimoine culturel immatériel" de l'humanité par l'Unesco“. Le Huffington Post. Архивирано од изворникот на 30 November 2016. Посетено на 30 November 2016.
  4. „UNESCO recognises Mangal Shobhajatra as cultural heritage“. UNESCO. 30 November 2016. Посетено на 30 November 2016.
  5. 5,0 5,1 „UNESCO recognises Mangal Shobhajatra as cultural heritage“. The Daily Star. 30 November 2016. Посетено на 30 November 2016.
  6. 6,0 6,1 „UNESCO lists Mangal Shobhajatra as cultural heritage“. Prothom Alo. Архивирано од изворникот на 1 December 2016. Посетено на 28 February 2017.
  7. „UNESCO Deems Belgium's Beer Culture A Treasure of Humanity“. NPR. Посетено на 4 January 2017.
  8. „The Rocky Road of Democracy“. The Daily Star. 6 December 2016. Посетено на 4 January 2017.
  9. „Dissent and the price of freedom“. The Daily Star (англиски). 10 November 2016. Посетено на 22 January 2017.
  10. „Shaheed Noor Hossain Day observed“. Prothom Alo. Архивирано од изворникот на 20 October 2017. Посетено на 22 January 2017.
  11. 11,0 11,1 11,2 „Unesco lists Mangal Shobhajatra as cultural heritage“. The Daily Star. Dhaka, Bangladesh. 1 December 2016. Посетено на 24 January 2017.
  12. „Pohela Boishakh's rally gets UNESCO's recognition“. Prothom Alo. Архивирано од изворникот на 9 April 2017. Посетено на 1 December 2016.
  13. 13,0 13,1 „Mangal Shobhajatra gets recognition as cultural heritage“. Business News 24 BD. Архивирано од изворникот на 2016-12-01. Посетено на 1 December 2016.
  14. এই প্রথম কলকাতার রাস্তায় ১ লা বৈশাখ হবে মঙ্গল শোভাযাত্রা (Bengali). 9 April 2017.
  15. Eibela.Com. কলকাতায় প্রথমবারের মত মঙ্গল শোভাযাত্রা (Bengali).

Надворешни врски

уреди