Манастир „Св. Апостоли“ - Клиново

манастир кај Клиново, Тесалија, Грција

Свети Апостоли (грчки: Ιερά Μονή Αγίων Αποστόλων) — манастир кај селото Клиново, Тесалија. Влегува во состав на Стагиско-метеорската епархија на Цариградската патријаршија.

Клиновски манастир
Свети Апостоли
Ιερά Μονή Αγίων Αποστόλων
Поглед на манастирот
Карта
40°32′46″N 22°10′37″E / 40.54611° СГШ; 22.17694° ИГД / 40.54611; 22.17694
МестоКлиново, Тесалија
ЗемјаГрција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Историја
Основанасредина на XVIII век
Управа
Архијерејско намесништвоКлиновско
ЕпархијаСтагиско-метеорска

Местоположба

уреди

Манастирот се наоѓа на 2 км северисточно од Клиново, во северните пазуви на планината Козјак.

Историја

уреди

Манастирот бил изграден околу средината на XVIII век од Стаги Пајсиј во стилот на светогорските манастири.[1] Едно од најстарите натписи на влашки јазик се наоѓа во црквата, кој потекнува од 1780 г.[2] Се наоѓа над нејзиниот влез. Натписот гласи:

ΙΝΤΡΑ ΜΠΑΣΙΑΡΕΚΑ ΚΟΥ ΜΟΥΛΤΑ ΠΑΒΡΙΕ. ΤΡΙΑΜΠΟΥΡΑ ΛΟΥΝΤΑΛΟΥΪ ΜΑΡΙΑ ΚΟΥΜΝΙΚΑΤΟΥΡΑ. ΦΩΚΟΛΟΥ ΑΚΣΙ ΣΗ ΚΟΛΑΣΙΑ ΤΡΑ ΣΚΑΚΗ.
Влашки:

Intrā mbāsiareka ku multā pāvrie, triamburā lundalui Maria kumnikatura, fokulu akshi shi kolasi tra skaki.

Превод:

Влезете во црквата со стравопочит, треперете додека го примате причестувањето на Богородица, за да избегнете од огнот и пеколот.

Сѐ до 1970 година, во склоп на манастирот влегувале конак, ќелии и помошни објекти. Денес е останат само католиконот.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Каливас, Григорис Г. (2015-06-29). „Ιερά Μονή Αγίων Αποστόλων Κλεινοβού – Ένα μικρό αφιέρωμα σε ένα από τα σημαντικότερα Θρησκευτικά μνημεία περιοχής Καλαμπάκας“. Stagonnews (грчки).
  2. Кал, Теде; Прифти, Елтон (2016). „Geschichte der Kodifizierung des Aromunischen“. Во Дамен, Волфганг; Холтус, Гунтер; Крамер, Јоханес; Мецелтин, Михаел; Швајкард, Волфганг; Винкелман, Ото (уред.). Romanische Kleinsprachen heute: Romanistisches Kolloquium XXVII. Tübinger Beiträge zur Linguistik (германски). 546. Narr Francke Attempto Verlag. стр. 42. ISBN 9783823378815.