Мал сокол
Мал сокол со улов
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Семејство: Соколи
Род: Falco
Вид: Мал сокол
Научен назив
Falco columbarius
Карл Лине, 1758
Разновидност
3–9 подвида (see text)
Жолто: само лето. Зелено: цела година. Сино: само зима.
Синоними

Aesalon columbarius (Linnaeus, 1758)
Falco aesalon Tunstall, 1771 (but see text)

Малиот сокол (Falco columbarius) е мала граблива птица од редот соколовидни, семејството соколи. Се среќава и во Македонија.

Опис

уреди
 
Мал сокол, F. c. columbarius

Оваа птица е долга од 24 до 33 см, со распон на крилјата од 50 до 73см. Машките тежат просечно околу 125-210гр, а женските 190-300гр. Мажјакот има сивкастосин грб, светложолт стомак со кафеавкастоцрвени или црни ленти. Женката и младите имаат сивкастокафеав грб и светложолт стомак со кафеави дамки. Двата пола освен тоа ја имаат и карактеристичната црна лента кај образите како и кај повеќето соколи. Новородените соколи се најпрво покриени со светложолти пердуви, кои подоцна им паѓаат и според полот им се оформуваат вистинските пердуви.

 
Мал сокол

Живеалиште

уреди

Малите соколи ги населуваат отворените места. Претпочитаат да живеат на места со пониска вегетација, и ги избегнуваат густите шуми како и пустите региони.

Овие птици се селат во текот на зимата на потопли места. Птиците од северна се селат во јужна Европа и северна Африка, а птиците од Северна Америка во северните делови на Јужна Америка.

Исхрана

уреди
 
Мал сокол во лов

Малите соколи се хранат со цицачи, влекачи, глодачи како и помали птици. Овие птици се потпираат на нивната брзина и агилност при ловот. Ловат летајќи брзо и ниско над земјата (на висина помала од 1м) со цел да го изненадат пленот. Но, всушност поголемиот дел од својот плен го ловат во лет.

Размножување

уреди
 
Falco columbarius
 
Младенчиња

Овој сокол се пари најчесто од мај до јуни. Се гнездат на карпи или во некои ниски, густи грмушки. Малиот сокол не гради свои гнезда туку употребува импорвизирани гнезда, или пак некои напуштени. Снесуваат од 3 до 6 јајца. Кафеавите јајца се со прилични димензии 40x31,5. Инкубацијата трае од 28 до 32 дена, при што 90% од лежењето го извршува женката, а мажјакот лови. По изведувањето младенчињата се зависни од родителите околу 1 месец.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Falco columbarius. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски

уреди