Мал Андамански Остров

(Пренасочено од Мал Андамански остров)

Малиот Андамански Остров (на Онге: Гауболаумбе) е четврт по големина остров во архипелагот на Андаманските Острови на Индија и е со површина од 707 км2, а се наоѓа на јужниот крај од архипелагот. Тој и припаѓа на Јужноандаманската административна област и е дел од индиската територија на Андаманските и Никобарските Острови. Островот лежи 88 км јужно од Порт Блер, главниот град на Андаманските и Никобарските Острови и има најблизок аеродром за редовни летови до Колкота и Ченај – главниот град на индиската покраина Тамил Наду.

Мал Андамански Остров
Мал Андамански Остров
Географија
МестоБенгалски Залив
Координати10°39′N 92°29′E / 10.65° СГШ; 92.49° ИГД / 10.65; 92.49
АрхипелагАндамански Острови
Соседни водни површиниИндиски Океан
Површина707 км2[1]
Должина24 км
Ширина43 км
Брегова линија132 км
Највисоко место183 м[2]
Држава
ОбластЈужна Андаманска област
Островска групаАндамански Острови
Островска подгрупаМала Андаманска група
Индиски техсилиМал Андамански техсил
Најголема населбаКвате-ту-кваге (Хат Беј)
Демографија
Население18823 (2011)
Густина26,6 /km2 (689 /sq mi)
Етнички групиОнге, други
Дополнителни податоци
Часовен појас
PIN744207[3]
Телефонски код031927[4]
ISO codeIN-AN-00[5]
Мреж. местоand.nic.in
Писменост84.4%
Просечна летна температура30.2 °C (86.4 °F)
Просечна зимска температура23.0 °C (73.4 °F)
Полов сооднос1.2/
Пописен код35.640.0009
Службени јазициХинди, Англиски

Географија

уреди

Островот му припаѓа на архипелагот на Малата Андаманска група на острови и е одвоен со Данкановиот Премин од Рутланд архипелагот на Големата Андаманска група на острови. Оваа група на острови се наоѓа спротивно на Големата Андаманска група на острови. Островот има мала надморска височина и е прекриен со тропска прашума, а тука живеат и неколку ретки видови на морски желки. Островот има убави, бели, песокливи плажи и прекрасни водопади. Малиот Андамански светилник (Светилникот на Ричардсон) се наоѓа 14 километри јужно од пристаништето Хат Беј и се наоѓа на најјужната точка од Малиот Андамански Остров.[6]

Администрација

уреди

Административно овој остров е дел од областа на Малата Андаманска група на острови.

Демографија

уреди

Островот е дом на домородното племе Онге, кои овој остров го нарекуваат Егу белонг, а е резерват на ова племе од 1957 година. Покрај нив овде живеат и населеници од Бенгал и други места. Според пописот од 2011 година, населението брои 18.823 жители, кои живеат во 18 села со вкупно 4093 куќи. Главното село Квате-ту-кваге се наоѓа во Хат Беј.

Сообраќај

уреди

Заливот Хат Беј се одликува со длабок морски пристан и до него се доаѓа низ усекот на коралниот гребен на источниот брег од островот и е влезница кон внатрешноста на островот. Има редовна, дневна бродска линија меѓу Хат Беј и Порт Блер, а патувањето трае 10 саати. Покрај тоа има хеликоптерска врска од Паван Ханс ЛТД (Pavan Hans Ltd.), а има и авионска врска меѓу Хат Беј и Порт Блер. Летот со хеликоптер или хидроплан трае околу 40 минути.

Постои и пат покрај источниот брег на островот кој има добра патоказна мрежа која го обележува секое село, со растојанието меѓу нив.

Туризам

уреди

Овој остров од туристичките атракции нуди сурфање, едрење, сафари со слонови, јавање на слонови и тренирање на мали слончиња. Батлер Беј, кој се наоѓа на 14 км од Хат Беј, е популарна плажа меѓу туристите и нуди сурфање, подводни екскурзии и прекрасен поглед на коралниот гребен. Туристичките бунгалови се на самата плажа опкружени со кокосови плантажи. Позната е и плажата Нетаџу Нагар, која е оддалечена 11 км од Хат Беј.[7]

Во внатрешноста има повеќе прекрасни водопади: Вајт Сурф водопадот е на 6,5 км од Хат Беј Џети и се наоѓа среде зеленило од дождовна шума, а Виспер Вејв водопадот е на 25 км од Хат Беј Џети, а се наоѓа исто така среде прашума. Патот до овој водопад води преку четири километри долга пешачка стаза која поминува низ шумата. После тие четири километри има уште 800 метри кон внатрешноста на прашумата, каде се наоѓаат мали водопади. Водопадот е со висина од 25 метри, а околу него има зеленило од ниски бамбусови дрва.

Владината организација ANIFPDCL (од анг. Andaman and Nicobar Islands Forest Plantation Development Corporation Limited)[8] нуди туристички пакети од Порт Блер до Малиот Андамански Остров. На островот има повеќе од 30 слонови со кои се организираат возбудливи сафари низ џунглата до водопадите. Слоновите се искусни и тренирани за оваа цел. Исто така во шумата има кампови со слонови кои изведуваат претстави, како и школи за тренирање на слончиња. ANIFPDCL агенцијата нуди сместување во бунгалови. Едрењето е достапно низ премините блиску до летувалиштето Батлер Беј. Северната страна на овој ресорт е позната како популарно место за сурфање. Во близина се наоѓаат и корални гребени, но за нивна посета е потребна специјална нуркачка опрема.

Галерија на слики

уреди

Наводи

уреди
  1. „Islandwise Area and Population - 2011 Census“ (PDF). Government of Andaman.
  2. Предлошка:Cite enroute
  3. „A&N Islands - Pincodes“. 22 September 2016. Архивирано од изворникот на 23 March 2014. Посетено на 22 September 2016.
  4. „STD Codes of Andaman and Nicobar“. allcodesindia.in. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 2016-09-23.
  5. Registration Plate Numbers added to ISO Code
  6. „LightHouse: Directorate General of Lighthouses & Lightships“. www.dgll.nic.in. Посетено на 2018-12-03.
  7. „Official Website of Andaman & Nicobar Tourism || A & N Administration || India“. www.andamans.gov.in (англиски). Посетено на 2018-12-03.
  8. „Little Andaman Island, Information of Little Andaman Island, Little Andaman“. 2013-05-20. Архивирано од изворникот на 2013-05-20. Посетено на 2018-12-03.