Магистер еквитум (лат.: Magister Equitum) или началник на коњицата[1] е титула на римски магистрат која постоела уште пред периодот на Римското Царство, но само како воена должност.

Во периодот на Републиката началникот на коњицата (магистер еквитум) бил избиран од диктаторот, како негов помошник (поручник). Во текот на својот мандат имал целосен имунитет, но бил должен да ги предаде овластувањата заедно со диктаторот. Во војската тој бил началник на штабот.

Магистер еквитуми биле Марко Антониј и Марко Емилиј Лепид (на оваа функција поставен од Гај Јулиј Цезар)

Наводи

уреди
  1. R. Cagnat, MAGISTER EQUITUM DICTIONNAIRE DES ANTIQUITÉS GRECQUES ET ROMAINES, p.1522 (рус.)