„Малите војници“ (српскохрватски: Мали војници) — југословенски филм од 1967 година, во режија на Бахрудин Ченгиќ според сценариото на Мирко Ковач. Автор на музиката е Бојан Адамич. Главните улоги ги толкуваат: Столе Аранѓеловиќ, Марика Тучановска, Заим Музаферија, Мија Алексиќ итн.[1]

Синопсис уреди

Во филмот се прикажува трагичната судбина на децата-сираци кои се сметсени во еден дом за деца. Во еден адаптиран манастир, во текот на Втората светска војна, сместени се деца кои останале без родители. Меѓу нив се наоѓа и новодојденото дете Бошко Грубач, син на погинат војник, кое делува покултурно од останатите деца. Всушност, тој е дете на погинат германски командант, а управникот на домот одлучил да го спаси, забранувајќи им на останатите вработени да го откријат неговото потекло. За него, пак, претставува голем предизвик да живее со измислено име, заедно со децата чии родители биле убиени во војната...

Наводи уреди