Малите Фокерови (филм)

филм

„Малите Фокерови“ (англиски: Little Fockers) е американски филм од 2010 година, во режија на Пол Вајц. Главните улоги ги толкуваат: Бен Стилер, Овен Вилсон, Роберт де Ниро, Дастин Хофман, Барбра Стрејсенд и Џесика Алба. Оваа комедија претставува второ продолжение на комерцијално успешниот филм „Запознај ги родителите“.[1]

Содржина уреди

Во филмот се опишуваат комичните случувања во семејството Фокерови. Сега, главата на семејството, Џек Барнс (го игра де Ниро), сака да го назначи својот наследник и притоа се појавуваат повеќе можни кандидати, меѓу кои и зетот Грег (го игра Стилер), кој работи како медицинска сестра.[2] [3]

Наводи уреди

  1. Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 18.
  2. Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 18.
  3. Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 16.