Македонски дени
Дени — валута на Македонија (1⁄100 од македонски денар). Како монета со номинална вредност од 50 дени, пуштена е во оптек на 10 мај 1993 година како резултат на новите деноминации на денарот, воведени на 5 мај истата година. Името се претпоставува дека доаѓа од името на македонската валута во множина - македонски: денари [1], кој пак е образуван од античкиот римски denarius[2].
На 26 април 2012 година, Народна банка на Република Македонија објавила повлекување од оптек на монетите дени. Од 1 јануари 2013 година, монетите не биле повеќе законско средство за плаќање. До 31 март 2013 година, монетите биле прифаќани на менување од страна на сите банки во Македонија, а од 1 април 2013 година монетите се прифаќаат за замена од Народна банка на Република Македонија, рокот на траење за менување не е одреден.[3]
Деноминација | година | Метал | Пречник (мм) |
Тежина (г) |
Дебелина (мм) |
Раб | Аверс | Реверс | Слика | Изработува | Датум на повлекување |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
50 дени | 1993 | Месинг (бакар / цинк 850/150) | 21,50 | 4,10 | 1,6 | мазна | РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1993 | 50 дени, црноглав галеб (латински: Larus ridibundus) | Сувенир, Самоков | 31.12.2012 |
Наводи
уреди- ↑ Merriam-Webster 2011.
- ↑ Free Dictionary 2011.
- ↑ „Одлука за повлекување од промет на кованите пари во апоен од 50 дени“. Архивирано од изворникот на 2014-03-22. Посетено на 2014-03-22. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Michael 2010.
Литература
уреди- Michael T., Cuhaj G., Miller H. Standard Catalog of World Coins 1901-2000. — 38-е изд. — Iola: Krause Publications, 2010. — 2303 с. — ISBN 978-1-4402-1158-4.
- Merriam-Webster. — Springfield: Merriam-Webster Inc., 2011.
- The Free Dictionary. — Farlex, 2011.