Македонска чалгија (албум)

Macedonian Čalgija - албум на македонската етно-музичарка Бајса Арифовска од 2013 година, објавен од издавачката куќа „Izvor Music“.

Песни

уреди

Албумот содржи девет композиции:[1]

  1. Крешлама (7:52)
  2. Тешко за рамо (4:40)
  3. Јени јол (6:01)
  4. Карагуна (6:14)
  5. Адана (4:31)
  6. Старско за рамо (4:20)
  7. Велешко оро (4:18)
  8. Велешко за рамо (6:41)
  9. Егејски сплет (8:19)

Информации за албумот

уреди

Сите композиции на албумот се народни, а аранжамните се дело на Арифовска, (освен „Карагуна“ чиј аранжер е Хилми Баки). На албумот свират следниве музичари: Бајса Арифовска (кларинет, виолина, деф и дајре), Раим Баки (ут), Хустреф Саид (канун) и Насер Мустафа (тарабука и дајре). Албумот е снимен во 2008 година во Скопје, во студиото на Горан Алачки. Музички продуценти се Алачки и Арифовска, инженер на звукот е Ѓоко Мишковски, маестерот е дело на Љупчо Павловски, а продуценти на албумот се „Izvor Music“ и Larry Weiner. Графичкиот дизајн на албумот е дело на „Campbell Design“.[2]

Осврт кон албумот

уреди

Во рецензијата на албумот, етномузикологот Велика Стојкова Серафимовска истакнала дека тој им нуди на слушателите „бајковита променада низ времето и просторот“ и дека „неговата сила првенствено произлегува од извонредната изведба на музичарите, кои свират во специфичниот стил на чалгијата со унисони мелодии и едноставни аранжмани“. Според Стојкова Серафимовска, брилијантната Арифовска ја истакнува убавината на чалгијата, а нејзините импровизации на кларинетот и виолината се одликуваат со сопствен музички сензибилитет, кој е спонтан и природен.[3]

Наводи

уреди
  1. Bajsa Arifovska, Macedonian Čalgija. Izvor Music IZM106, 2013.
  2. Bajsa Arifovska, Macedonian Čalgija. Izvor Music IZM106, 2013.
  3. Bajsa Arifovska, Macedonian Čalgija. Izvor Music IZM106, 2013.