Раим Баки
Раим Баки (Скопје, 1945) - македонски етно-музичар кој свири на ут.
Животопис
уредиРаим Баки е роден во Скопје, во 1945 година. Во 1964 година започнал да се занимава со чалгиска музика, следејќи го примерот на брат му Хилми Баки, кој бил член на чалгискиот оркестар на Радио Скопје. Од 1967 до 1969 година, Раим Баки учел кај Живко Фирфов. Како член на чалгискиот оркестар на Радио Скопје, Раим Баки снимил илјадници песни. Исто така, тој ги направил аранжманите за стотици ора и чалгиски песни.[1]
Наводи
уреди- ↑ Bajsa Arifovska, Macedonian Čalgija. Izvor Music IZM106, 2013.