Македонија во слики

Македонија во сликидокументарен филм за Македонија снимен во 1923 година во режија и сценарио на Арсениј Јовков и Георги Занков.[1] Филмот бил снимен со средства кои ги обезбедила Илинденската организација, а по повод 20 годишнината од Илинденското востание. Филмот бил снимен во два дела од кои денес е зачуван само првиот. Во 2013 г. филмот е дигитализиран.[2]

„Македонија во слики“
Кадар од филмот го прикажува пренесувањето на останките на Гоце Делчев во црквата „Света Недела“.

Содржина

уреди
Целиот филм

Во филмот се прикажани повеќе дејци од Илинденскиот период, градови во Македонија, како и битови снимки од дебарскиот крај. Исто така во филмот е прикажана и процесијата на пренесување на саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од куќата на Михаил Чаков кон црквата Света Недела во Софија, на 2 август 1923 година. Неколкупати во крупен план е даден и саркофагот со моштите на Гоце Делчев, на кого е запишано: „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во столицата на независна Македонија. Август 1923, Илинден“.

Наводи

уреди
  1. „Кинотека на Македонија || Видео галерија“. maccinema.com.
  2. „Дигитализиран „Македонија во слики" на Арсениј Јовков“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-01-02.

Надворешни врски

уреди