Македонит
Македонит — минерал кој името го добил по Македонија. За првпат е откриен во пегматитско-хидротермалните жици што се јавуваат во серијата на сиенитите кај селото Алинци, Прилепско. Македонитот по состав е PbTiO3, кристализира четириаголно и обично се јавува во кристални облици што се комбинација на призми. Има црна боја со кафеава нијанса и стаклеста сјајност. Во пегматитско-хидротермалните жици кај Алинци македонитот се јавува заедно со амазонитот, кварцот, титанитот, рутилот, анатасот и монацитот[1].
Македонит | |
---|---|
Внатрешна структура на македонитот | |
Општо | |
Категорија | минерал |
Формула | PbTiO3 |
Штрунцова класификација | 4.CC.35 |
Данина класификација | 4.3.6.1 |
Просторна група | P4/nmm |
Единична ќелија | a = 3.90 Å, c = 4.18 Å Z=1 V=63.58 Å3 |
Распознавање | |
Боја | црна |
Кристален систем | четириаголен |
Жилавост | многу кршлив |
Цврстина на Мосовата скала | 6 |
Сјај | стеклест |
Проѕирност | непроѕирен |
Специфична тежина | 7.82 |
Оптички својства | едноосен |
Наводи
уреди- ↑ проф. д-р Блажо Боев: „Македонска Енциклопедија“, Македонит, Рударско-геолошки факултет, Штип, стр. 844, МАНУ, Скопје, 2009.
Надворешни врски
уреди- Macedonite - сите особини на минералот