Мадона од калинка (Ботичели)

Мадона од калинка (италијански: Madonna della Melagrana) е слика од италијаскиот ренесансен сликар Сандро Ботичели. Создадена околу 1487 . Денес е сместена во Уфици во Фиренца.[1].

Мадона од калинка
Творец Сандро Ботичели
Година 1487
Димензии 143.5 см во пречник
Место Уфици, Фиренца

На сликата е прикажана Мадона и Исус, придружувани од ангели, со калинка во рака. Калинката е симбол на идното страдање на Христос. Сликата е од зрелиот период на Ботичели, раскоѓна во изразот, колоритот, композицијата, во некои делови го наговестува идниот барокен стил кој е се појави многу подоцна.

Неговиот циклус на Мадони, кој што го работел скоро целиот свој живот, можеби е најзначаен и највпечатлив со изразитата чувствителност, лиричност, меланхоличност, мистичност и задлабоченост во одредена ликовна мисла која е вон стилските определби од тоа време, со што Ботичели, е автентичен, оригинален и специфичен во неможноста на одредена естетска компартивистика за тој период. Неговиот сликарски поглед е специфичен и вонвременски.

Наводи

уреди