Мадагаскарски нилски коњ

Мадагаскарски нилски коњ
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Надред: Cetartiodactyla
Ред: Artiodactyla
Семејство: Hippopotamidae
Род: Hippopotamus
Научен назив
Hippopotamus lemerlei
Grandidier, 1868
Скелет на Мадагаскарски нилски коњ во музеј во Берлин

Мадагаскарскиот нилски коњ (Hippopotamus lemerlei) се смета дека изумрел на островот Мадагаскар некаде во 10 век.

Овој вид бил со слична големина како и Choeropsis liberiensis и сличен начин на живот, односно живееле повеќе во шумите отколку во реките. Истражувањата на черепот покажуваат сличност со денешните нилски коњи, но и значителни разлики во големината помеѓу единките што укажува на присуство на полов диморфизам. Најголемите единки биле со должина од 6,5 стапки и високи 2,5 стапки. Се смета дека овој вид изумрел пред најмалку 500 години[1][2][3].

Се смета дека нивното изумирање е поврзано со колонизацијата на овој остров од страна на човекот. Сепак не се знае со сигурност дали причина бил човекот или пак климатските промени во тој период. Постојат докази кои укажуваат на тоа дека луѓето и нилските коњи живееле на островот во исто време.

Локалните легенди и усни преданија не упатуваат на тоа дека е можно овие нилски коњи да преживале повеќе отколку што се претпоставува. Според овие легенди тие живееле во поизолираните региони на островот. Постојат и извештаи од 19 век, па дури и од 1970-тите за чудовиште по име „Kilopilopitsofy“ кое наликувало на нилски коњ. Сепак не постојат независни докази за овие тврдења.

Наводи

уреди
  1. (англиски)Harris, J.M. (1991). „Family Hippopotamidae“. Koobi Fora Research Project. Vol. 3. The Fossil Ungulates: Geology, Fossil Artiodactyls and Paleoenvironments. Clarendon Press, Oxford: 31–85.
  2. (англиски)Oliver, W.L.R. (1995). „Taxonomy and Conservation Status of the Suiformes — an Overview“ (PDF). IBEX Journal of Mountain Ecology. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-07-05. Посетено на 2008-12-09.
  3. (англиски)„Hippopotamus madagascariensis“. МЗЗП црвена список на загрозени видови. 2002. Архивирано од изворникот на 2008-09-23. Посетено на 2007-07-04.

Мадагаскарски нилски коњ