Магаза на Тилеви
Магаза на Тилеви — магаза во градот Охрид, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Магаза на Тилеви | |
---|---|
Поглед на магазата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | магаза |
Адреса | ул. „Свети Климент Охридски“ бр. 41 и 43 |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 1+1 |
Архитектура
уредиГрадбата се наоѓа на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 41 и 43, на раскрсницата со улицата „Димитар Влахов“. Изградена е во втората половина на XIX век од непознати мајстори. Се состои од подрум, приземје и поткровен простор. Изградена е од камен и полна тула. Подрумот е од камен, поделен со ѕид на два дела. Дрвената меѓукатна конструкција е заменета со нова од монтажни керамички блокови. Приземјето е од полна тула со појаси од бигор, и на фасадата завршува со двореден профилиран венец од тули. Отворите на приземјето се нагласени со покукружни лакови од тули. Приземјето исто така е поделено со ѕид на два дуќана. Поткровјето над приземјето е од направено бигорни блокови. Има мали правоаголни отвори со оригинални метални капаци. Сета градба завршува со обработена профилирана стреа од бигорни блокови. Покривот е на три води со ќерамиди-каналици. На стреите има хоризонтални олуци од поцинкувана ламарина. Делови од јужната и источната фасада се малтерисани.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Магаза на ул. Св. Климент Охридски бр.41 и 43“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-06. Посетено на 5 септември 2017.