Киловат-час

(Пренасочено од МВтч)

Киловат-час или киловатчас, (симб. kW·h, kWh и кВтч)[1]единица за енергија еднаква на 1000 ват-часови или 3,6 мегаџули.

Дигитален домашен струјомер.

Дефиниција уреди

Киловат-часот е единица за енергија еднаква на еден киловат (1 kW) моќ (електрична работа) потрошен за време од еден час (h).

Обратно земено, еден ват е еднаков на 1 J/s. Еден киловат-час изнесува 3,6 мегаџули, што е количеството енергија добиено од работа што се врши со просечна стапка од илјада вати на час.

Примери уреди

Греалка од 1000 вати (1 киловат) што работи еден час троши еден киловат-час (3,6 мегаџули) енергија.

Една 60-ватна светилка што работи еден час потрошила 0,06 киловат-часови струја. За илјада часа ќе потроши 60 киловати.

Претворање уреди

џул ват-час електронволт калорија
1 J = 1 kg·m2 s−2 = 1 2,77778 × 10−4 6,241 × 1018 0,239
1 W·h = 3600 1 2,247 × 1022 859,8
1 eV = 1,602 × 10−19 4,45 × 10−23 1 3,827 × 10−20
1 cal = 4,1868 1,163 × 10−3 2,613 × 1019 1

Именители уреди

Киловат-часот се користи во елекстродистрибуцијата за фактурирање на потрошувачот, бидејќи еден домовите месечно трошат од неколку стотини до неколку илјади киловат-часови. мегават-часови, гигават-часови и терават часови се користат при мерење на големи количества електрична енергија за индустриски капацитети и изразување на производството кај електраните. Во терават-часови (во поголеми земји и петават-часови) се изразува годишното производство на струја на цели земји. На пример, во 2010 г. Република Македонија произведени се вкупно 6 462,3 гигават-часови (6,46 терават-часа) електрична енергија.[2]

Содржатели на ват-часот (W·h) во системот SI
Поситни Покрупни
Вредност Симбол Име Вредност Симбол Име
10-3mW·hмиливат-часот103kW·hкиловат-часот
10-6µW·hмикроват-часот106MW·hмегават-часот
109GW·hгигават-часот
1012TW·hтерават-часот
1015PW·hпетават-часот


Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „киловат-час“ Архивирано на 17 декември 2013 г. — Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. Годишен извештај за производство на ел.енергија за 2010 г.ЕЛЕМ (македонски)

Надворешни врски уреди