Хемолуминисценција
Хемолуминисценцијата е процес на зрачење на светлина без притоа да се врши топлотна емисија како резултат на некоја хемиска реакција. Наједноставно кажано, доколку ни се дадени реактантите A и B, како и интермедијаторот ◊, тогаш општата формула на една хемолуминисцентна реакција би изгледала вака:
[A] + [B] → [◊] → [продукти] + ослободена светлина
Емисијата на светлина е резултат на преминот на возбудениот интермедијатор на пониско енергетско ниво. Теоретски, еден фотон треба да му биде даден на секоја молекула на реактанот, или Авогадров број на фотони на секој мол од реактантот. На пример, ако [A] е луминол, а [B] е водород пероксид, во присуство на соодветен катализатор, би се одвивала следнава реакција:
Луминол + H2O2 → 3-APA[◊] → 3-APA + светлина
Тука 3-APA е 3-аминофталат, а 3-APA[◊] е возбудената состојба што зрачи светлина додека минува во пониско енергетско ниво. Најтипичен пример на хемолуминисценција во лабораториски услови се забележува кај луминол тестот, каде доказ за присуство на крв претставува сјаењето на специментот при негов контакт со железо. Кога хемолуминисценцијата се случува во живите организми, тогаш станува збор за една природна појава, наречена биолуминисценција. Светлечките стапови зрачат светлина како резултат на хемолуминисценција.