Луис Бараган
Луис Рамиро Бараган Морфин (9 март 1902 – 22 ноември 1988) бил мексикански архитект и инженер. Неговата работа влијаеше врз современите архитекти визуелно и концептуално[1].
Луис Бараган | |
---|---|
Бараган во 1960 година | |
Роден(а) | 8 март 1902 Гвадалахара, Халиско, Мексико |
Починал(а) | 22 ноември 1988 Град Мексико, Мексико | (возр. 86)
Националност | Мексиканец |
Награди | Прицкерова награда |
Зданија | Сателитски кули |
Бараган ја освоил Прицкеровата награда, највисоката награда во архитектурата, во 1980 година, а неговиот личен дом, Куќата и студиото на Луис Барагон, бил прогласен од УНЕСКО за Светско културно наследство во 2004 година[2].
Животопис
уредиБараган е роден во Гвадалахара во Халиско, Мексико. Воспитуван како инженер, дипломирал на Ескуела Либре де Ингениерос во Гвадалахара во 1923 година. По дипломирањето, тој патувал во Шпанија и Франција. Додека бил во Франција, тој ги открил архитектонските согледби на Фердинанд Бач, германско-француски писател, дизајнер и уметник кој врз Бараган извршил силно влијание низ целиот негов живот.
Кариера
уредиНеговата работа во Гвадалахара вклучила над десетина приватни домови во областа Колонија Американа, во денешно време во близина на центарот на Гвадалахара. Овие домови, во непосредна близина едни до друг, всушност биле најраните проекти во творештвото на Барагон. Една од неговите први згради, Каса Кристо, по реконструкцијата станала дом на еснафот на државните архитекти[3].
Главни проекти
уредиВо 1945 година тој започнал да го планира станбениот развој на Јардинс дел Педрегал, Град Мексико. Во 1947 година тој ја изградил своја куќа и студио во Такубаја а во 1955 година ги изградил „Конвенто де лас Капучинас Сакраментаријас“ во Тлалпан, Град Мексико и планот за Јардинес дел Боске во Гвадалахара.
Во 1957 година тој ги изработил проектите за Сателитски кулит (урбана скулптура создадена во соработка со вајарот Матијас Гоериц) и ексклузивноното резиденцијално подрачје, Лас Арболедас, неколку километри од Сиудад Сателит. Во 1964 година тој го дизајнираше, заедно со архитектот Хуан Сордо Мадалено, станбениот простор Ломас Вердес, исто така во близина на областа Сателит, во општината Наукалпан, Естадо де Мексико. Во 1967 година тој го создал едно од неговите најпознати дела, Сан Кристобал Естатес во Град Мексико[4].
-
Фонтана за љубовниците
-
Куќата Гиралди
-
Куќата Гиралди
-
Сателитските кули (во соработка со вајарот Матијас Гоеритз)
Бараган и современото движење
уредиБарагон се запознал со Ле Корбизје и бил под влијание на европскиот модернизам.
Зградите што ги создал во годините по неговото враќање во Мексико ги покажуваат типичните чисти линии на модернистичкото движење.
Наспроти функционализмот, и студениот рационализам о модерната архитектура, Барагон, се залагал за „емоционална архитектура“ тврдејќи дека „секое дело на архитектура кое не искажува спокојство е грешка“. Бараган користел материјали како што се камен или дрво. Тој ги комбинирал со оригинална и драматична употреба на светлината, природна и вештачка; неговата стилска преокупација биле скриените извори на светлината која ги преобразува неговите ентериери во суптилна и лирска атмосфера[5].
Достигнувања
уредиБарагон работел долги години во своевидна анонимност до 1975 година кога му била приредена ретроспектива во Музејот на модерна уметност во Њујорк. Во 1980 година, тој станал втор добитник на Прицкерова награда за архитектура. Неговата куќа и студио, изградена во 1984 година во Град Мексико, беше прогласена од УНЕСКО за Светско културно наследство во 2004 година.
Влијание
уредиДелата на Луис Барагон било често (и погрешно) цитирано во однос на минималистичката архитектура.
Како еден од доказите за неговото погрешното класифицирање од страна на неговите современици било користењето на интензивни бои во неговите архитектонски реализации што воопшто не е елемент на минимализмот.
Неговата оригиналност и архитектонско творештво било признато од меѓународните архитекти особено од оние кои биле специјалисти за дизајн на пејзажот, заради неговата синтетичност бидејќи меѓу урбаните простори и хармонијата со природата и околината.
Влијанието на Барагон може да се види во работата на многу современи архитекти на Мексико, особено во проектите Рикардо Логорета. Еден од проектите, каде што концептите и боите на Барагон го инспирирале Легорета, е хотелот Камино Реал во Поланко, Мексико (градот). Овој проект ја отсликува важноста на традицијата и нејзината инвентивна коресподенција со елеганцијата на модерениот дизајн и проектирање[6].
Наследство
уредиБараган починал на возраст од осумдесет и шест години во Мексико (градот). Според неговата волја, тој назначил три лица да управуваат со неговото наследство: Игнасио Дајаз Моралес, Оскар Гонсалес Гонсалес и Раул Ферера. Игнасио Дајаз Моралес, бил пријател и колега на архитектот, тој ја презел обелодени библиотеката на Бараган. Имал задача да избере институција погодна за прием на збирката книги. Оскар Гонсалес Гонсалес, пријател од детството, ги примил личните предмети на Барагон. Раул Ферера, неговиот деловен партнер, ги добил архивите и авторските права за неговото творештво. Дајаз Моралес ја основа Фондација де Аркитектура Тапатиа. Куќата на архитектот денес е музеј кој ја афирмира работата на Барагон. Мисијата на Фондацијата е да го шири знаењето за културното наследство на Луис Барагон со зачувување и проучување на неговите архиви и сродните историски извори, публикување на книги и изложби, обезбедување стручност и помош за институции и научни истражувања.
Позначајни дела
уредиСите готови проекти од Барагон се наоѓаат во Мексико[7].
- Лас Арболедас / Северно од Мексико (градот) (1955-1961)
- Куќа за архитектот / куќата на Барагон, Мексико (градот) (1947–48)
- Градините Педрегал Поделеност, Мексико (градот) (1945–53)
- Капелата Тлалпан, Тлалпан, Мексило (1954–60)
- Куќа на Гулвез, Град Мексико (1955)
- Градините Боске Поделеност, Гвадалахара (1955-58)
- Сателитски кули, Мексико (градот) (1957-58), во соработка со Матиас Гоеритц
- Куадра Сан Кристабал, Лос Клубес, Мексико (градот) (1966–68)
- Куќата Гиларди, Мексико (градот) (1975–77)
- Клубот за рекреација на Куернавака, Куернавака, Морелос, Мексико (1976-1980)[8].
Куќата и студиото на Луис Барагон
уредиЛуис Бараган го изгради своето студио во Мексико (градот), зградата во моментот е музеј. Зградата е од 1948 година како одраз на карактеристичниот стил на Барагон, во неа каде живеел и работел цел живот. Денес е во сопственост на Халиско и Фондацијата Аркуитецтура Тапита Луис Барагон[9].
Книги поврзани со делото на Луис Барагон
уреди- Luis Barragán - The Eye Embodied, Wim van den Bergh, Kim Zwarts, Maastricht, Pale Pink Publishers, 2006. ISBN 9081008919.
- Luis Barragan: architecte du silence, Luis Barragán y Marc Vaye, París, ESA Productions, 2004. ISBN 2-9521578-0-4.
- Luis Barragán: búsqueda y creatividad, Louise Noelle, México, UNAM (Coordinación de Humanidades 2004. ISBN 970-32-1584-X.
- Barragán: Space and Shadow, Walls and Colour, Danièle Pauly, Basel-Boston-Berlin, Birkhäuser, 2002. ISBN 3-7643-6679-6.
- Luis Barragán: temas y variaciones, Ricardo Salas et al, México, Landucci, 2002. ISBN 968-5059-62-4.
- Luis Barragán: La Revolución callada, Federica Zanco (ed.), Milano, Skira, 2001. ISBN 88-8491-186-9.
Наводи
уреди- ↑ Luis Barragán
- ↑ CASA LUIS BARRAGÁN
- ↑ „Luis Barragán“. Архивирано од изворникот на 2020-05-19. Посетено на 2020-05-06.
- ↑ laureates
- ↑ The Need for Half Light
- ↑ „Torres de Satélite“. Архивирано од изворникот на 2019-12-30. Посетено на 2020-05-06.
- ↑ En esta época[мртва врска]
- ↑ Architecture Prize
- ↑ „Luis Barragán“. Архивирано од изворникот на 2019-10-02. Посетено на 2020-05-06.
Библиографија
уреди- Alfaro, Alfonso, Voces de tinta dormida: itinerarios espirituales de Luis Barragán, México, Artes de México (Colección Espiral), 1994.
- Alfaro, A., D. Garza y J. Palomar, Luis Barragán. Un valor universal, Reverté México, 2011.
- Cetto, Max L., Modern Architecture in Mexico/Arquitectura Moderna en México, Praeger, Nueva York, 1962
- Pérez-Méndez, Alfonso (2007) "Las casas del Pedregal, 1947-1968". Gustavo Gili, México. 323pp
- Raúl Rispa (2003) "Barragán: the complete works", Princeton Architectural Press. Nueva York. 232pp
- Flores García, Marisol (2002) "Guía de recorridos urbanos de la Colonia Hipódromo" Universidad Iberoamericana, México. 206pp
- Maisterra, Nemesio (2002) "Luis Barragán - obra en Guadalajara", Tecnológico de Monterrey - Colegio de Arquitectos del Estado de Jalisco en Guadalajara. Guadalajara. 191pp
- Danièle Pauly (2002) "Barragán: space and shadow, walls and colour", Birkhäuser Architecture. 231pp
- Federica Zanco (2001) "Luis Barragán: the quiet revolution", Vitra Design Museum. Skira. Milán. 319pp
- Juan Molina y Vedia (2001) "Luis Barragán: Paraísos", Asppan. Madrid. 144pp
- Castellanos Pinzón (1999) "Jalisco en el siglo XX, Perfiles", Guadalajara, Universidad de Guadalajara, Consejo Consultivo de Cátedras Empresariales, ACUDE, Gobierno del Estado de Jalisco, pp 157–164.
- Buendía, José Mª (1996) Reverté Ediciones, México
- Revista Casas y Gente (1994) "El Portento de la creación: Luis Barragán, arquitecto, 1902-1988", en número 42, volumen 5.
- Revista "Artes de México" número 23 (1994) "En el mundo de Luis Barragán".
- Sáenz de Valicourt, Carlos (1992) "Fotografías de Armando Salas Portugal sobre la arquitectura de Luis Barragán", Gustavo Gili, Barcelona. 167pp
- José Álvarez Checa (1991) "Luis Barragán Morfín, 1902-1988: obra construida", Consejería de Obras Públicas y Transportes, Dirección General de Arquitectura y Vivienda, Sevilla. 249pp
- Salas Portugal, Armando (1989) "Luis Barragán: conceptos, reflexiones y vivencias", en México Desconocido, núm. 149.
- De Anda, Enrique Xavier (1989) "Luis Barragán: clásico del silencio", Colección Somosur, tomo VI, Escala, Bogotá. 239pp
- Revista Federación de Colegio de Arquitectos de la República Mexicana (1984) Tomo 1 editada por la misma Federación. Guadalajara, Jalisco.
- González Gortázar, Fernando (1980) "Tres Arquitectos Mexicanos", México en el Arte, Instituto Nacional de Bellas Artes, México,
- Armella de Fernández Castelló, Corina y Héctor Velasco Facio (1989)
- Ragon, Michel (1971) "Histoire mondiale de l'architecture et de l'urbanisme modernes", París, Casterman.
- Chimay, Jacqueline de (1962) "Les jardins á travers le monde", París, Librairie Hachette.
Надворешни врски
уреди- Artists Rights Society, Barragán's U.S. Copyright Representatives
- Luis Barragan's work
- https://www.admexico.mx/arquitectura/articulos/espacios-luis-barragan-cdmx-edo-mex/5039 Архивирано на 30 декември 2019 г.
- Website of the Barragan Foundation
- Luis Barragan's house and studio (in Spanish)
- Página de la Barragan Foundation, proprietaria y gestora del archivo de Luis Barragán
- Casa-Estudio Luis Barragán
- Página del Premio Pritzker dedicada a Barragán
- Patronato Para la Defensa y Conservación del Fraccionamiento Jardines del Pedregal de San Ángel A.C.
- Página de la Casa Clavijero en Guadalajara
- Obras de Luis Barragán en Urbipedia