Луголов раствор (лат. Iodi solutio aquosa sin. solutio Lugoli) е воден раствор на јод којшто има широка примена како антисептик, реагенс и, многу ретко, како додаток на јодот. Името го има добиено по францускиот лекар, Жан Гијом Лугол, кој прв го подготвил.[1]

Формула: | J.Crow's Lugol's Solution

Тоа е раствор со темно-црвена боја кој содржи 5% јод во 10% раствор на калиум јодид (), што ја прави концентрацијата на јодот околу 130 mg/ml. Јодот е не-поларна молекула, многу слабо растворлива во вода, но затоа, присуството на калиум јодид го олеснува растворањето преку формирање на тријодидни јони. Идентификацијата се изведува на јодидниот јон, најчесто преку негова оксидација до елементарен јод со користење на перманганат во кисела средина, при што органскиот слој (обично хлороформ) се обојува виолетово. Некои слични соединенија на Лугол се користат во јодометриски титрации.

Освен како локален антисептик во третирањето на рани[2], Луголовиот раствор се користи и за откривање на присутво на скроб во органски смеси, каде јодот реагира со агрегатите на скробот, вградувајќи се во завојницата на амилазата што се гледа како темно-сино обојување. Во патолошката состојба на амилоидозата, наслагите на овој полисахарид можат да бидат толку екстензивни што погодените ткива би се обоиле интензивно во контакт со реагенсот на Лугол. За време на колпоскопија, реагенсот на Лугол се нанесува на вагината и грлото, при што нормалното ткиво се обојува во кафеава боја, додека пак, посветли бои или комплетен недостаток на бои може да укажува на патохистолошки промени и потреба од биопсија. Ова се нарекува Шилер тест.

Луголовиот раствор, некогаш, се користел и како додаток на јодот, кај возрасните од хипотиреодизам, но денес таа примена е намалена, и во главно заменета со препарати - јодит. Непосредно после Чернобилската несреќа, во Полска, јодот на Лугол бил применет врз речиси целото население во профилаксата на радиоактивна јодна акумулација (131I) во штитната жлезда.

Како антисептик, растворот на Лугол може да се замени со други јодски препарати, алкохолни аналози (тинктура на јод) или препарати кои содржат јод, на пр. повидон-јод.

Наводи

уреди
  1. Lugol's iodine Архивирано на 20 октомври 2011 г. (Луголов јодид)
  2. Henrz Welch, Albert C. Hunter (1940). „Method for Determining the Effect of Chemical Antisepsis on Phagocytosis“ (PDF). American Journal of Public Health.