Лоце
Lhotse (непалски: ल्होत्से; кинески: 洛子峰, пинјин: Luòzǐ Fēng; тибетски: ལྷོ་རྩེ, Вајли: lho rtse) — четврта планина по височина на Земјата (по Монт Еверест, К2 и Кангченѕунга), поврзана со Монт Еверест со Јужното Седло. Покрај главниот врв со надморска височина од 8.516 м, други повисоки врвови на планината се Лоце Средна (источна) и 8.414 м Лоце Шар се 8.383 м. Сместена е на границата помеѓу Тибет (Кина) и регионот Кумбу во Непал.
Лоце | |
---|---|
Јужната страна на Лоце | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 8.516 м [1] 4-та |
Истакнатост | 610 м [2] |
Заведена како | осумилјадник |
Географија | |
Матичен венец | Махалангур Химал |
Искачување | |
Прво освојување | 18 мај 1956 Фриц Лухсингер Ернст Рајс |
Најлесен пат | искачување во ледници/снег/мраз |
Забележителни особености
уредиЛоце е најпозата како соседна планина на Монт Еверест и по тоа што сите што се искачуваат по стандардниот пат проведуваат извесно време на северозападната страна на планината. Оваа планина впрочем се одликува со најмала топографска истакнатост од сите осумилјадници, издигајќи се само 610 м над Јужното Седло.
Но и покрај ова, Лоце самиот по себе е велелепен врв поради огромниот пад на неговата јужната страна. На оваа страна, планината се издига цели 3,2 км на хоризонтално растојание од само 2,25 км, и со тоа страната е најстрмна во светот. Направени се многу обиди за нејзино искачување, со многу малку успех и голем број загубени животи.
Македонски исачувања
уредиПрв Македонец којшто се искачил на Лоце е Сашко Кедев, на 13. Мај 2024 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ A height of 8.501 м is sometimes given but official Nepalese and Chinese mapping agree on 8.516 м.
- ↑ 2,0 2,1 „Општи информации“. 8000ers.com. Посетено на 20 декември 2009. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Лоце“ на Ризницата ? |
- Лоце Архивирано на 2 јануари 2010 г. - Peakware (англиски)
- Статистики за искачувања и смртни случаи (англиски)