Пустината Лоп, или Депресија Лоп, е пустина што се протега од Корла со подножјето на Курук-таг (што значи Сува Планина) па сè до Таримскиот басен во Автономниот регион Синкјанг во Кина. Тоа е речиси совршено рамна површина без топографски релјеф. Езерото Бостен во северозападниот дел се наоѓа на надморска височина од 1,030 до 1,040 м додека Лоп Нур на југоисток е 250 метри пониско.

Пустина Лоп
Пустина
Сателитска снимка на пустината Лоп со басенот кој порано бил морето Лоп Нор. Лево, Курук-таг, десно е Астин-таг.
Земја Кина
Кинески регион Синкјанг
Површина 50.000 км2

Географија

уреди

Пустината Лоп е рамна, но има три повдлабнати области кои би можеле да формираат езера доколку се наполнат со вода - сувиот басен Лоп Нур, сувиот басен Кара-Кошун и езерскиот басен Таитема.[1] Овие ги формирале терминалните езера на речниот систем Тарим-Конке-Каркан. Реката Тарим со тек на времето го менува својот тек, па затоа се менува и местоположбата на терминалното езеро, предизвикувајќи конфузија кај првите истражувачи во врска со точната локација на Лоп Нур. Од таа причина езерото било нарекувано "Талкачко Езеро."[1]

Во минатото Лоп Нур било огромно мочуриште во источниот дел на Синкјанг. Сега регионот е широко пространство на глина помешана со песок. Глината, претежно жолта или со жолто-сива боја, е тешка и леплива и во себе содржи ситен песоклив камен. Формациите се одделени и рамни, паралелни и испресечени со бразди, длабоки од 6 до 20 метри главно свртени од североисток кон југозападен правец. Во пустините нема навеви од песок ниту песочни дини, освен јужно кон подалечните падините на Алтин-Таг.[2]

 
Сателитска слика на Пустината Лоп со сливот на поранешното море Лоп Нур. Депресијата во облик на уво е сувиот басен Лоп Нур.

Клима

уреди

Климата на пустината Лоп е екстремно сува. Една студија во 1984 година ги покажува просечните годишни врнежи главно помалку од 20 мм.[3] Друга студија во 2008 година, регистрирала 31.2 мм.[4] Во центарот на депресијата под 800 метри височина, сувоста може да биде и поекстремна. Релативната влажност на атмосферата често паѓа на нула, со температурата на воздухот висока и до 50 °C (122 °F). Годишното испарување се проценува дека во 1984 година било меѓу 1.000 и околу 1.500 мм, што значи дека езерото со околу 2 м водна длабочина ќе се исуши за помалку од две години, доколку целосно биде отсечено од неговиот извор. Во 2008 година, годишното испарување било 2,901 мм.

Историски гледано, тие периоди биле поповолни за живот и за земјоделство отколку денес. Студиите покажале дека областа доживеала седум големи климатски промени од крајот на Плеистоценот.[4][5]

Лоп Нур

уреди
 
Солено поле во Пустината Лоп

Постојат бројни индикации кои укажуваат на присуство на големо езеро во овој регион кој сега е целосно сув. Овие индикации се солта, траги од поранешните брегови, повеќе или помалку, паралелни и концентрични, присуство на огромни количини на свежоводни школки (видови Lymnaea и Planorbis), постоење на појаси на угинати тополи, големи наслаги трска, и др.[6]

Во Ханшу ( Книгата на Хан, комплетна историја на Кина во 111), езерото, каде што било наречено Пучанг Хај (蒲昌海), се сугерира како големо, со димензија на 300 до 400 li (околу 120-160 км, 75-100 ми.) во должината и широчината.[7] Тоа, исто така, се нарекува и Јан Це (鹽澤) во Шиџи, што значи "солено мочуриште", што укажува дека езерото било солено.[8] Езерото веќе значително било смалено за време на династијата Ќинг. Тоа ја префрлило својата локација во Кара-Кошун од втората половина на 19 век, а потоа повторно во Лоп Нур во 1921 година, со помош на човечка интервенција. Изградбата на браните во 20 век ја блокирале водата од реките во Лоп Нур, и тоа денес претставува солени наслаги.[9] Исушениот басен на Лоп Нур е покриен со солена кора, со дебелина од 1-30 метри.

Флора и фауна

уреди
 
Диви камили од родот Camelus ferus, денес заштитени во резерватот на пустината Лоп
 
Географска дистрибуција на бактријанската камила (Camelus ferus syn. Camelus bactrianus).

Природната вегетација е ретка во регионот и сиромашна е по бројот на видови. Научната експедиција во областа на Лоп Нур во 1979-1982 собрала само 36 видови растенија, кои припаѓаат на 13 семејства (главно Chenopodiaceae и Compositae) и 26 родови. Експедицијата, исто така, собрала само 127 видови животни (23 цицачи, 91 птици, 7 влекачи и водоземци).[3]

Археологот Свен Хедин кој отпатувал во регионот во доцниот деветнаесетти, како и во дваесеттиот век бил во можност да патува со брод до реките во езерото и видел мноштво на див свет.[9] Сепак, многу диви животни, како што се тигарот и волкот, кои биле пронајдени од страна на поранешните истражувачи, сега биле исчезнати. Сепак, ова е едно од последните живеалишта на дивата бактријанска камила (Camelus ferus) во светот. Овие диви камили можат да се најдат во оазите на северниот раб на пустината. Шумите со тополи и тамарикс грмушки порано биле широко распространети по должината на долниот дел на речната долина на Тарим формирајќи го т.н. "Зелен коридор", но откако долниот тек на реката Тарим секнал во 1972 година поради изградба на брани, тие значително се влошиле, а некои се исчезнати. Националниот резерват на Лор Нор за диви камили бил создаден во 2001 година да се зачуваат дивите бактријански камили и другиот див свет во регионот.[10]

Песочни бури

уреди

Цел овој регион е зафатен со песочни бури (burãns) во тек на пролетните месеци. Екстремни временски услови и некогаш резултираат со смрт на стотици луѓе. Ценетиот биолог Пенг Џиаму исчезнал во пустината во 1980 година.[11]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Makiko Onishi & Asanobu Kitamoto. „Hedin, the Man Who Solved the Mystery of the Wandering Lake: Lop Nor and Lou-lan“. Digital Silk Road.
  2.   Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Gobi“. Encyclopædia Britannica. 12 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 166.CS1-одржување: ref=harv (link)
  3. 3,0 3,1 Songqiao, Zhao; Xuncheng, Xia (1984). „Evolution of the Lop Desert and the Lop Nor“. The Geographical Journal. 150 (3): 311–321. doi:10.2307/634326.
  4. 4,0 4,1 Ma, ChunMei; Wang, FuBao; Cao, QiongYing; Xia, XunCheng; Li, ShengFeng; Li, XuSheng (2008-08-20). „Climate and environment reconstruction during the Medieval Warm Period in Lop Nur of Xinjiang, China“. Science Bulletin (англиски). 53 (19): 3016–3027. doi:10.1007/s11434-008-0366-6. ISSN 2095-9273.
  5. „Lop Nur, Xinjiang, China“. Earth Observatory. June 19, 2011.
  6. One or more of the preceding sentences incorporates text from a publication now in the public domain: Chisholm, Hugh, ed. (1911). "Gobi". Encyclopædia Britannica. 12 (11th ed.). Cambridge University Press. p. 166.
  7. Hanshu Original text: 蒲昌海,一名鹽澤者也,去玉門、陽關三百餘里,廣袤三四百里。
  8. Shiji Original text: 而樓蘭、姑師邑有城郭,臨鹽澤。
  9. 9,0 9,1 Frances Wood (2004). The Silk Road: Two Thousand Years in the Heart of Asia. University of California Press. p. 64.
  10. Yan Xie (October 2003). „Evaluation of the Lop Nur nature sanctuary biodiversity conservation project“ (PDF). United Nations Environment Programme. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2018-10-23.
  11. „Memories of great desert explorer live on“. China Daily. April 19, 2006. Посетено на 2008-02-05.

Надворешни врски

уреди

40°10′0″N 90°35′0″E / 40.16667° СГШ; 90.58333° ИГД / 40.16667; 90.58333