Лозен (врв)

врв на Беласица, на границата помеѓу Пиринска и Егеска Македонија

Лозен — врв на планината Беласица, на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 1.898 м. Се издига на главното било, западно од врвот Радомир и источно од тромеѓниот врв Тумба. На север од Лозен се двои краткиот рид Мангарско. Има трапезоиден облик и стрмни падини, а сочинет е од метаморфни карпи. Почвите му се планинско-ливадски. Билото е обраснато со подалпска тревна растителност, а северните падини се прекриени со повеќевековни букови шуми. По билото минува државната граница меѓу Бугарија и Грција. На околу 150 метри југоисточно од врвот стои граничната пирамида бр. 11. Во северното подножје на Лозен, во месноста Скртски Овчарник има голема напуштена градба која може да послужи како привремено засолниште. Од другата страна на границата под врвот се наоѓаат селата валовишките (демирхисарски) села како Матница, Шугово и Горно Порој, денес на грчка територија.

Лозен
Поглед на врвот Лозен
Највисока точка
Надм. вис.1.898 м
Координати41°19′50″N 23°00′10″E / 41.3305° СГШ; 23.0027° ИГД / 41.3305; 23.0027
Географија
Лозен на карта

Карта

МестоПетричко, Пиринска Македонија
Валовишко, Егејска Македонија
Матичен венецБеласица
Карта

Искачување

уреди

Главни појдовни места за искачување на Лозен се селата Клуч и Скрт, како и планинарскиот дом „Лопово“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 517. ISBN 954-90006-1-3.