Ловци во снег (холандски: Jagers in de Sneeuw), позната и како 'Враќањето на ловците', е слика изработена во масло на дрво од 1565 година на Питер Бројгел Постариот[1].

Ловци во снег
Творец Питер Бројгел Постариот
Година 1565
Вид масло на панел
Димензии 117 см × 162 см
Место Музеј за историја на уметност, Виена

Делото на Северна ренесанса е едно од низата дела, , кои прикажуваат различни периоди од годината.

Сликата е во колекцијата на Музеј за историја на уметност во Виена, Австрија. Оваа сцена е сместена во длабочините на зимата во текот на декември/јануари.

Историја и потекло

уреди

„ Ловци во снег “ е циклус со тематика од годишните времиња. Оваа мотивска определба била чест мотив во делата на ренесансните сликари, особено на жанр сцени и посебно во северните делови на Европоа.

Опис

уреди

Сликата прикажува зимска сцена во која тројца ловци се враќаат од лов во придружба на нивните кучиња.

Најверојатно, нивниот лов бил неуспешен.се враќаат уморени, а кучињата изгледаат прегладнети и беспомошни.

Еден од ловџиите носи труп на слаба лисица , што ја илустрира скудноста на ловот.

Пред ловците на снегот има стапалки од зајак кој им побегнал или го пропуштиле ловците.

Целокупниот визуелен впечаток е мирен, студен, претставен е облачен ден; боите се пригушени бели и сиви, дрвјата се голи , а чадот лебди во воздухот. Неколку возрасни и едно дете подготвуваат храна во гостилница со надворешен оган. Необични се и назабените планински врвови кои не постојат во Белгија или Холандија.

Впечатливи се чавките кои седат на соголените дрвја и страчката која лета во горниот центар на сцената. Бројгел понекогаш ги користел овие два вида птици за да укаже на лош предзнак бидејќи во холандската култура страчките се поврзуваат со ѓаволот.

Самиот пејзаж е долина со низ неа тече река со планини во далечините.

Се гледа воденица со замрзнатото тркало - вкочането. Во далечината, фигури се лизгаат на мраз на мраз, играат хокеј со стапчиња.

Толкување

уреди
Надворешни видеоснимки
 
  Питер Бројгел Постариот, „Ловци во снегот“ (зима), 1565 година, Smarthistory

Историчарот на уметност Мартин Кемп истакнува дека ова се популарни теми за Божиќни честитки и наведува дека „веројатно ниту еден „секуларен“ предмет не е попопуларен од ... Ловци во снегот“.

Сликата е тема на модернистичкиот поет Вилијам Карлос Вилијамс во поемата „Ловецот во снегот“.

Ловци во „Снегот“ интензивно се користи во филмовите на рускиот режисер Андреј Тарковски Соларис (1972) и Огледало (1974), и во филмот на Ларс фон Трир од 2011 година Меланхолија.

Се појавува и во филмот на Ален Танер Dans la ville blanche (1983). Тоа беше инспирација за филмот на Рој Андерсон од 2014 година „A Pigeon Sat on a Branch Reflecting on Existence“, е основата за првиот кадар на Abbas Kiarostami 's 24 Frames (2017) и беше тема на телевизиската серија од 1980 година 100 Great Paintings.

Присуството на оваа слика во бројни особено филмски дела, се претпоставува дека е поради нејзиниот симболичен, мистичен и често засонуван карактер полн со таинствена недореченост.


Наводи

уреди


Надворешни врски

уреди
  • Orenstein, Nadine M., уред. (2001). Pieter Bruegel the Elder: Drawings and Prints. The Metropolitan Museum of Art. ISBN 9780870999901. (see index)
  • Kunsthistorisches Museum website
  • Hunters in the snow painting on Google Art Project