Литературен минимализам
Литературниот минимализам претставува правец во литературата. Тој исто така е дел од минимализмот, кој претставува генерален правец за уметноста во целост.
Литературниот минимализам се одликува по економичноста со зборовите. Минималистичките автори ги избегнуваат прилозите (за место, време, начин) и претпочитаат да му дозволат на контекстот да го диктира значењето. Од читателите се очекува да преземат улога на директни учесници, да ја создаваат приказната, “да изберат страна” преку заобиколни, посредни алузии и инсинуации. Ликовите во минималистичките приказни се обични, просечни луѓе (продавачи на разни работи, тренираат детска лига или се баснословно богати). Овие приказни се само “залак од животот”.
Коренот на Американскиот литературен минимализам е во делата на Ернест Хемингвеј. Хемингвеј никогаш не го опишува тонот со кој ликот зборува, читателот е принуден да го толкува тонот во зависност од одговорот што го дава другиот лик. Исто така пејзажот е интегрален за симболиката на приказната, овој факт никогаш не е експлицитен како што е во пораната литература.
Литературниот минимализам се јавува како одговор на мета-фикцијата како тренд во 1960-тите години и раните 1970-ти и претпоставува дека читателите знаат дека се изманипулирани и сакаат да партиципираат во процесот.
Познати минималистички автори се: Рејмонд Карвер, Чак Паланик, Ејми Хемпел, Боби Ен Мејсон, Тобајас Вулф, Грејс Пели, Сандра Киснерос и многу други.
Оваа статија од областа на книжевноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |