Лилија во долината

Лилија во долината (француски: Le Lys dans la Vallée) ― роман од 1835 година за љубовта и општеството на францускиот романописец и драматург Оноре де Балзак (1799–1850). Тоа се однесува на емотивно енергичната, но никогаш неисполнета наклонетост меѓу Феликс де Ванденес и Анриет де Морсаф. Тоа е дел од неговиот серијал романи (или Roman-fleuve) познати како Човечка комедија (Comédie humaine), која го пародира и прикажува француското општество во периодот на Бурбонската реставрација и Јулската монархија (1815–1848). Во својот роман тој го споменува и замокот Азе ле Ридо, кој може да биде посетен и денес.

Лилија во долината
Слика од „Лилија во долината“
АвторОноре де Балзак
Изворен насловLe Lys dans la Vallée
ИлустраторЕдуар Тудуз
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
СеријалЧовечка комедија
ИздавачЕдмон Верде
Издадена
1835
ПретходнаСелски свештеник 
СледнаШагринска кожа 

Вдахновение

уреди

Анриет де Морсоф била по примерот на блиската пријателка на Балзак, Лора Антоанет де Берни (моминско Инер), жена 22 години постара од него, која многу ја охрабрила неговата рана кариера.[1] Г-ѓа де Берни умрела кратко откако го прочитал завршениот роман[2] — во кој умира и Анриет.

Преводи на англиски јазик

уреди
  • Кетрин Прескот Вормели: The Lily of the Valley (Робертс Брос, 1891)[3]
  • Елен Мариџ (под псевдонимот „Џејмс Воринг“: The Lily of the Valley (Геби, 1898)
  • Питер Буш: The Lily of the Valley (New York Review Books, 2024)

Наводи

уреди
  1. Honoré de Balzac by Albert Keim and Louis Lumet, chapter 4
  2. Women in the Life of Balzac by Juanita Helm Floyd
  3. Balzac, Honoré de; Wormeley, Katharine Prescott (1891). The lily of the valley. University of California Libraries. Boston, Roberts brothers.

Надворешни врски

уреди