Лиард
Лиард е река во северозападна Канада, една од поголемите притоки на реката Макензи долга 1,115 километри[1].
Река Лиард | |
Земја | Канада |
---|---|
Региони | Јукон, Британска Колумбија, Северозападни територии |
Притоки | |
- леви | Јужна Нахани |
- десни | Река Деасе, Река Кечика, Река Форт Нелсон |
Извор | Mount Lewis[се бара појаснување] |
- височина | 1.500 м |
- координати | 61°14′12″N 131°37′39″W / 61.23667° СГШ; 131.62750° ЗГД |
Утока | Река Макензи |
- местоположба | Форт Симпсон, Северозападни територии |
- височина | 120 м |
- координати | 61°50′23″N 121°17′58″W / 61.83972° СГШ; 121.29944° ЗГД |
Должина | 1.115 км |
Слив | 277.100 км2 |
Истек | |
- просечен | 2.434 м3/с |
- максимален | 11.000 м3/с |
- минимален | 300 м3/с |
|
Географски одлики
уредиЛиард извира во масивот Пели во Јукон, од таму тече во правец југоисток низ Британска Колумбија, потоа ја менува насоката на североисток до својот слив во реката Макензи кај градот Форт Симпсон во Северозападните територии. Горниот ток е преполн со брзаци и кањони, а долниот дел на реката овозможува пловидба на помали бродови од сливот на Форт Симпсон до населеното место Форт Лиард, некои 265 километри возводно[1]. Лиард со своите притоки има слив голем околу 277,100 [[км2]], кој се протега преку канадските провинции Британска Колумбија и Северозападните територии. Реката името го добила по бројните Тополи коишто растат долж нејзиниот брег.
Поврзани страници
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Карта и фотографии Архивирано на 3 март 2016 г.
- Реката Лиард на онлајн енциклопедијата Британика