Летни олимписки игри 1916

(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1916)

Летните олимписки игри коишто требале да се одржат во 1916 година не се одржале поради Првата светска војна. Но и покрај нивното неодржување, игрите се сметаат како да се одржале, па бројчено се 6-те Летни олимписки игри. Игрите требало да се одржат во Берлин. Други кандидати за одржување на игрите биле Александрија и Будимпешта, но при изборот биле поразени.

На игрите се планирале и нови „зимски“ спортови како брзо лизгање, хокеј на мраз и нордиско скијање, а се планирало да остане и дотогаш одржуваниот зимски спорт уметничко лизгање.

Игрите требало да бидат свечено отворени на Германскиот стадион кој бил граден од 1912 до 1913 година специјално за одржување на Олимписките игри.

Во 1931 година Берлин, победувајќи ја Барселона, повторно ја добил организацијата на Летните олимписки игри во 1936, кои се одржале.

Надворешни врски

уреди