Лесен Удар
Лесен Удар — македонска хип-хоп група од Скопје. Групата била основана во 1999 година од страна на МС Љубов и Мартинес.[2] Имаат издадено еден студиски албум насловен Полесно од хелиум, кој бил објавен во 2007 година. Иако жанровски припаѓаат во хип-хоп водите, бендот за својата музика вели дека е „стиховна поезија“. Во нивните песни освен хип-хоп елементи се забележуваат и примеси од реге и амбиентална музика. Нивните стихови најчесто имаат метафорично значење.[3]
Лесен Удар | |
---|---|
членовите на Лесен Удар | |
Животописни податоци | |
Потекло | Скопје, Македонија |
Жанрови | Рап, алтернативен хип-хоп |
Период на активност | 1999–денес |
Издавачи | Урбан Пулс[1] и Ултра Лајт продукција |
Соработници | Марчело, Дениро, Декстар |
Мреж. место | Блогот на групата |
Членови | |
Игор - МС Љубов Мартин - МС Мартинес |
Поради обврските на факултет, групата направила четиригодишна пауза, по што се вратила на музичката сцена потпишувајќи за Урбан Пулс.[4]
Со песната „Лепливи прсти“ дуото влезе во финалето на натпреварот организиран од Интернационалната музичка младина, каде се избирала најдобра песна со тематика против корупцијата.[5] Во песните „И тие денови“ и „Сафирски прстен“ како гости се појавуваат Симона и Ива, кои со својот вокал ги исполнуваат рефрените поединечно.
Имаат настапувано на повеќе фестивали и манифестации, од кои поважни се настапите како предгрупа на Гуру ск, концерти во клубовите Вулкан и Кастро, како и појавувањето на фестивалите Таксират и Виноскоп.
Наводи
уреди- ↑ Лесен Удар и Девана потпишаа за Урбан Пулс[мртва врска]
- ↑ "Лесен удар" со сингл се враќа на сцена
- ↑ „Македонски хип-хоп портал - Лесен Удар“. Архивирано од изворникот на 2011-02-13. Посетено на 2013-03-22.
- ↑ „Камбек на Лесен Удар“. Архивирано од изворникот на 2013-03-18. Посетено на 2013-03-22.
- ↑ „Лесен удар“ во финале на конкурс на Интернационалната музичка младина[мртва врска]