Леринско-костурска бригада

 

Леринско -костурска бригада
Активна22 октомври 1944 – 18 ноември 1944
ЗемјаМакедонија
ПрипадностНОВЈ
Големина4 баталјони
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Леринско-костурска македонска бригада - бригада на НОВЈ основана на 22 октомври 1944 година во битолското село Градешница. Во нејзиниот состав биле вклучени етнички Македонци од Леринско-костурскиот народноослободителен баталјон, претходно дел од Грчката народноослободителна армија (ЕЛАС), и новодојдените борци од Егејска Македонија.

Борбен пат на бригадата

уреди

Во соработка со другите единици на НОВ и ПО на Македонија вршела напади на германските колони на патот Лерин - Битола на 18 и 19 октомври. На 20 октомври, од заседа, ликвидирала Германци во автомобили во заседа. Во соработка со борците на ЕЛАС, воделе битки во Леринско и потоа учествувала во ослободувањето на Битола на 4 ноември 1944 година. При основањето на Првата егејска ударна бригада на 18 ноември 1944 година, таа се приклучила на нејзиниот состав.[1]

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, 794-795. стр.

Литература

уреди