Лекција по мртов јазик (филм)

„Лекција по мртов јазик“ (полски: Lekcja martwego języka) — полски филм од 1979 година, во режија на Јануш Мајевски, кој е соавтор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Олгјерд Лукашевич, Малгоржата Притулак, Ева Далковска, Пјотр Павловски, Ирена Карел, Зигмунт Маланович итн.[1]

Синопсис

уреди

Поручникот Кикериц (го игра Лукашевич) е заповедник на војската во едно мало место во кое не се случува ништо. Тој го минува времето така што собира вредни стари предмети. Истовремено, тој е болен од туберкулоза, но не знае дека состојбата му е критична, иако во два наврати, една гатачка и една жена-медиум му претскажуваат скорешна смрт. Еден ден, тој оди во шумата каде ладнокрвно убива руски затвореник кој сака да побегне, но кога се враќа во градот умира, а токму тогаш пристигнува веста за крајот на Првата светска војна. Неговото мртво тело го натовараат на возот и го испраќаат во родниот град.

Наводи

уреди