Лез Абим
Лез Абим (француски: Les Abymes; креолски: Zabym или Zabim) — најнаселената општина во францускиот прекуморски регион и департман Гваделуп, сместен во групата Мали Антили. Се наоѓа на западната страна на островот Гранд Тер, и ја сочинува најголемата метрополска област во регионот заедно со Поент а Питр.[2]
Лез Абим Les Abymes | |
---|---|
општина | |
The Main Square in Les Abymes | |
Местоположба на општината (црвено) во Гваделуп | |
Земја | Франција |
Прекуморски регион и департман | Гваделуп |
Округ | Поент а Питр |
Кантон | Лез Абим-1, 2 и 3 |
Општ. заедница | КАП Екселанс |
Управа | |
• Градоначалник (2020–2026) | Ерик Жалтон[1] |
Површина1 | 81,25 км2 (3,137 ми2) |
Население (2019)2 | 53.514 |
• Густина | 6,6/км2 (17/ми2) |
INSEE/Пошт. бр. | 97101 / 97139 и 97142 |
Надм. висина | 0 м ) |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Географија
уредиОпштината се наоѓа на 3 км североисточно од Поент а Питр, 7 км источно од Бе Мао и 10 км југозападно од Морн а Ло. До неа се доаѓа преку државниот пат N1 од Бе Мао на запад, кој минува по јужната граница на општината и продолжува на југ како N4. N5 се двои од N1 и оди на североисток низ центарот на општината, па продолжува на североисток до Морн а Ло. N11 се двои од N5 југоисточно од градот и продолжува кон северозапад, по што повторно му се приклучува на N1. Патот D106 оди на север од општината до Вје Бур. Правецот „Пале Ројал“ минува североисточно низ општината и му се приклучув ана N5. Правецот „Шазо“ се двои од „Пале Ројал“ и води на североисток до Ду.[3]
До Меѓународниот аеродром Поент а Питр се стасува по патот N11.
Лез Абим е интегриран во урбаното подрачје на Поент а Питр.
Населени места и месности
уреди{{div col|colwidth=22em))
- Базен (Bazin)
- Бембриџ (Baimbridge)
- Бесон (Besson)
- Бо Солеј (Beau-Soleil)
- Боавен (Boisvin)
- Боавињер (Boisvinière)
- Боарипо (Boisripeau)
- Бозон (Bauzon)
- Борико (Boricaud)
- Булики (Bouliqui)
- Гаоза (Gaoza)
- Гран Кам (Grand-Camp)
- Давид (David)
- Деравињер (Deravinières)
- Дигазон (Dugazon)
- Ду (Doubs)
- Кадик (Caduc)
- Карак (Caraque)
- Катре Шемен (Quatre Chemins)
- Кома (Coma)
- Ле Резет (Le Raizet)
- Леони (Léonie)
- Масла (Masselas)
- Морн Флери (Morne-Fleuri)
- Нере (Nérée)
- Папен (Papin)
- Пети Перу (Petit-Pérou)
- Поант Дор (Pointe-d'Or)
- Селињи (Céligny)
- Шазо (Chazeau)
- Шовел (Chauvel)
{{div col end))
Клима
уредиЛез Абим има тропска монсунска клима (класа Am). Просечната годишна температура изнеусва 26,7 °C. Просечните годишни врнежи се 1.557,8 мм, при што најврнежлив месец е октомври. Највисоки се температурите во август (28,1 °C), а најниски во февруари (25 °C).
Историја
уредиОстровите се населени уште од претколумбовско време. Останки од стари населби се најдени кај Дотемар, а најзначајни се оние во Бел Плен, каде е откриена голема населба датирана од 1000 до 1200 г. (т.н. „трумасоидна култура“).
Првото село, на неколку километри од денешниот град, е основано во 1691 г. Најпрвин се состоело од неколку куќи, но потоа се развило со одгледувањето на шеќерна трска, какао и кафе. Првата енориска црква е изградена во 1726 г.
Управа
уредиЛез Абим ѝ припаѓа на општинската заедница Кап Екселанс, во која влегуваат и Поент а Питр и Бе Мао. Општината се дели на три кантона:
- Лез Абим-1;
- Лез Абим-2;
- Лез Абим-3, кој опфаќа и дел од Ле Гозје.
Стопанство
уредиСтопанската активност е потесно поврзана со меѓународниот аеродром Поент а Питр (порано „Резе“). Тука е седиштето на авиопревозникот „Ер Караиб“.[4]
Иако не е туристичко место, Лез Абим е втор град по економско значење во Гваделуп, по индустриската зона во Жари. Во градот е трговскиот центар „Милени“. Комплексот „Фемили Плаза“ има кина, трговски центар и рекреативен центар.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Répertoire national des élus: les maires“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises. 13 септември 2022.
- ↑ Aire d'attraction des villes 2020 des Abymes (9A1), INSEE
- ↑ Google Maps
- ↑ 2013 World Travel Awards Архивирано на 29 ноември 2014., Air Caraïbes. посет. 23 ноември 2014 г.
- ↑ First stone for the Family Plaza Complex on France-Antilles на 10 јануари 2014 г. (француски)
Надворешни врски
уреди„Лез Абим“ на Ризницата ? |
- Официјален портал на Лез Абим Архивирано на 29 јуни 2022 г. (француски)
- Генерален совет на Гваделуп (француски)
- Меѓународен аеродром Поент а Питр (француски)
- Лез Абим на „Геопортал“, Национален географски институт (IGN) (француски)