Монсунска клима
(Пренасочено од Тропска монсунска клима)
Монсунска клима е клима со еден сушен и еден влажен период во годината и карактеристични ветрови - монсуни. Монсунската клима владее во Јужна и во Југоисточна Азија. Се одликува со многу топли и врнежливи лета и суви и топли зими. Врнежите се во лето, вообичаено над 2 000 и 3000мм, а во зимскиот период нема врнежи.