Лапа
Лапа — специјалитет од ориз, вода и афионово семе (мак). Се смета за својствен на кочанскиот регион во Македонија.
Карактеристично за подготовка на лапата е што се користат скршени оризови зрна (уфак) што овозможува, по варењето, оризот воопшто да не се забележува, односно се добива еднолична смеса.
Пред да се стави семето од афион, истото се потпечува, па се толчи во соодветен сад (дибек) сè додека од него не почне да излегува масло. Потоа се разредува во студена вода, па се истура во зовриена вода во која има сол и масло. Така се вари околу половина час. Потоа се додава оризот и се доварува додека се добие еднолична смеса, на која по вкус може да и се додаде уште сол.[1]
Всушност, лапата е еден вид збогатен пилав, и таа обично се јадела за време на верски празници кога се постело. Така, наместо млеко, за да се збогати ова јадење, се додавало семето од афион.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кочанскиот ориз на трпеза, Славица Ивановска - Љубинка Ајтовска, стр. 16, издавач: Одбор на манифестацијата „Кочански денови на оризот“, јуни 2008