Ламбе поп Бимбилоски

Ламбе поп Бимбилоски деец на ВМОРО.

Животопис уреди

Ламбе поп Бимбилоски е роден во селото Велмеј во 1871 година. Бил член на ВМОРО, и дејствувал во реонот на Дебрца. Во ВМОРО влегол од 1898 година, и дејствувал сè до 1908 година. Бил дел од четите на Даме Груев и Христо Узунов. Освен во охридскиот регион, тој учествувал и во струшко, дебарско, битолско и леринско. Во 1903 година бил затворен во затвор, каде останал 3 години. Во текот на Втората светска војна, тој се ставил на страната на окупаторите, при што цело време ги величел Хитлер и Цар Борис, и зборел дека Македонија може да биде ослободена само од Бугарија. Починал во 1957 година.[1]

Наводи уреди

  1. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I , дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 476–480. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)