Лазо Атанасов Тодоровски ( 1904 во Булачани, Скопско15 ноември 1944 во Булачани, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Лазо Тодоровски
Роден 1904 година
Булачани, Скопје, Македонија под Отоманско Царство
Починал 15 ноември, 1944 година
Булачани, Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Израснал во сиромашно семејство. По завршувањето на основното образование, се занимавал со земјоделство и сточарство. Како симпатизер на народноослободителното движење, активно го помагал. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил со многу свои соселани и учествувал во борбите против балистичките банди. Се истакнал како храбар борец, поради што бил поставен за политички комесар на чета. Покрај борбите против балистите, учествувал и во многу акции против германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. На 15 ноември 1944 година храбро загинал, во една борба против балистите во близината на своето родно место. Неговите останки биле закопани на гробиштата во родното село Булачани.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 270. На |first= му недостасува |last= (help)